Можноста да откаже е поголема на возилото од 75та од очигледни причини. Од 2005 ако е од баба возено од Германија, да може да откаже. Ако си го купиш ново шансите дека ке откаже се помали во однос на двете други. Небитно во секој случај.
Прашање до тебе Фило. Возиш на пат. по 4 ленти автопат писта. Врска немаш колку е ограничување, не си видел знак незнам што. Колку ке возиш? Небитно каде е. Ке возиш толку колку што ти вика твојот памет и твојата кола дека е ок за патот или ке чекаш некој друг да ти каже колку да возиш?
Истото е тоа што цело време се збори. На илинденска треба комотно да се вози 80. без никакви проблеми. Сега е 50-60 незам колку е. Сите возат толку и под тоа само од страв од казна, се влечеме ко црева, се ствараат гужви. Ја возам рецимо 80 , пошто патот го дозволува тоа! тука се тие 30 км разлика што Дени се обидува година дена да ги објасни ако не и јаче. Утре ке се сменат на 80, ја нема да возам 190 туку ке си продолжам прилично среќен да возам 80 ем без страв од казна ем сообраќајот нема да биде лигав, килав и ретардиран.
ДА има фаци, поготово кај нас што само сакаат да летат на кров, ама небитно, муабетот е друг.
И сеа читам ограничување тука ми зборите. Ја апла врска неам каде и колку е ограничување во скопје. За автопат знам дека 120 и за кај Катланово знам дека треба да искочиш и да ја буткаш колата за да не те казнат. Ограничувањата во скопје си ги рачунам како 60 секаде и секогаш пошто 40 е ретардирано.
На крај не треба некој да ми каже колку да возам, свесен сум колку треба на некој места. На автопат ке летам 600, пред школо сигурно нема да возам повеќе од 50-60 рецимо 9зависи што улица е)
На Велес-Скопје во сегашната состојба ако сака ограничувањето нека е 440кмх ја ке возам 100-120 ептен макс на тоа дупките, рововите...