До тие што скоро сте биле на Крф 
Агиос Горгијас (север) или Ипсос?
Првово има одличен залив и плажа и е блиску до добрите плажи на запад, башка и сонцето таму заоѓа и подолг ден, ама пак е подалеку од градот ..
Второто е блиску до градот, поурбанизирано е ама пак плажите таму не биле баш ко западните ...
Јас прелиминарно сум решен за првата опција, со тоа што ќе рентам скутер/кола во зависност од ситуација, па викам да потпрашам и вие што мислите. Инаку каков е патот во споредба со Лефкада ако би идел од А. Горгијас до главниот град, има некој искуство да сподели? Кои плажи вредат да се видат, освен стандардната Палеокастрица?
У врска со Ипсос:
Има убави местенца за виѓавање и плажички за посетување. Ние бевме сместени во Ипсос, во северниот дел, 10ина километри од главниот град. Местенцето такво мало, ништо посебно немаше да понуди
Пљус: Ипсос нема плажа да ти понуди, башка, над глава ќе ти проаѓаат коли. Али затоа, одма лепенка до Ипсос се Дасија и Барбати. И едното и другото имаа(т) одлични плажи.
Имај на ум дека патчињата се прилично тесни и кривуљави, арно ама, имаат многу трпение за скутерчиња. Немојте да идете у Ахилион Палас, нема ништо

Џабе ќе го измучите скутерот на угорници

Глифада е прекрасна плажа на западниот брег. Палеокастрица си ја знаеш (мој прв пик). Сидари е муљ, кал, и да се умориш додека да стигнеш да попливаш. Касиопи има неколку камени плажички, а иначе делува како пристаниште. Гореспоменатите Дасија и Барбати најтопло ги препорачувам, особено ако се сместите во Ипсос.