Денес уплатив за Калитеа-Грција.Кушадаси отпадна,се на се кога видовме што е како е,оставивме за некоја друга година.
Накратко за местото:
AMMOS APARTMENTS“ "B" се наоѓа на шеталиштето во строгиот центар на Калитеа, најголем град на првиот крак Касандра на полуостровот Халкидики, познат по најубавите песочни плажи и беспрекорно чистото море.. AMMOS APARTMENTS е оддалечена од најубавата градска плажа околу 4 минути пешачење. Вилата располага со студија во кои можат да се сместат 2, 3, 4, 5 или 6 гости опремени со кујна, клима, телевизор и прекрасна тераса која гледа спрема шеталиштето. Исто така во вилата има и бесплатен интернет WI FI.
-Таман ми е не ми треба повеќе.Е сега,за шетањето,пошто ми е приоритет,има автобувчиња што возат до околните градчиња,значи горе од Неа Фокеа па доле до Пефкохори ќе прошетам секаде,ако нема нешто интересно да се види,барем деновите ќе ми бидат на различно место.Сега го сваќам муабетот за со кола,али што е-тоа е.Цената е смешна,120е од чоек за сместување и превоз,7 ноќи-8дена.Малку се знам,и лани бев на толку,под 10 дена не е тоа тоа.Здравје ќе надокнадам со викенди после одморот и тоа би било тоа.