Генерално, Kalamitsi е одличен камп, али не е вистински камп.
Е сеа, зошто? Заради тоа што кампот е парцелизиран. Одиш таму, ти викаат „бачко, твоја е парцела 69А“. И ти идеш таму, се местиш, и просторот ти е тој. Во прв ред нема шанса да фатиш место, што значи дека погледот ќе ти биде или кон некаква улица, или кон задниот дел на приколицата на тој пред тебе. Колата ќе ти биде некаде на паркинг, итн.
Од друга страна, мање-више било каков камп е закон за дечурлаана. Ги пушташ у поход и они си тераат работа. Ќе се испоупознаат со деца од разни земји, ќе се дружат, ќе градат пријателства, па и ќе поднаучат некој јазик.