Почетната инвестиција не е мала, али моментот дека во било кое време имаш каде на море да отидеш е прекрасна работа.
На моиве ептен им се исплати пошто и двајцата се пензионери, па и така немаат обврски. Најмалку 3 месеца годишно се таму.
Конкретно, во кампот во кој ние одиме, сезонски (од крај на април до почеток на октомври) кошта мислам околу 1200 евра. За тие пари се добива плац, можност да престојуваат до 4 луѓе, место за кола, струја и вода.
Нас приколицата ни е таму цела сезона, и цело време има некој таму. Моите се прибраа на 20ти, во моментов таму е брат ми. Најверојатно и јас ќе одам некоја недела-две.
Бауер: Не мешај Градиште со прописен камп. Бољи одмор (ако бараш вистински одмор) од тој во камп нема. И не праиме муабет за приколка 303-ка во градиште. Праиме муабет за 6 метарска приколица, со 4 комотни лежаи, сопствено WC, целата опколена со настрешници, сенка цел ден, на море.
Сабајле станувам, отварам врата од приколица и идам директ у море. Морето ми е на 30 метра. Апсолутна тишина, нема улици, нема коли, нема кафичи, нема бука.
Одмор.ЕДИТ: Да доловам.
