Јас вчера се вратив од Дојран...
Журката беше топ, ја само онака поминав...Со мало дете не можев да одам

Него ме изненади годинава тоа што беше многу полно...
Времето топ, водата на Алекс БиЧ беше многу изненадувачки чиста, исто така и плажата...
На градска плажа отидов еднаш, на СанСет Бич и беше ужасно нечисто...
Мислам стварно, не е само до градските власти, туку и до свеста на луѓето...На плажата буквално имаше повеќе пикавци, односно одпушоци од цигари него камчиња во песокот...Мизерија...
Можат да земат луѓе да расчистуваат али она беше стварно...Колку и да се чисти, народов ако прља како стока никад нема да се исчисти...Водата се знае каква е коа има многу народ, мутна, а околу плажата е нечисто, несредено итн...
Сва среќа што Алекс е приватна плажа, се плаќа 50 денари за сенка, се плаќа 50 денара за лежалка, зависи што сакаш...
Сенка се плаќа под дрвата со тоа што ке си ставиш свои лежалки, односно пешкир, сламарица итн...Тоа е за пола ден...
За цел ден е 100-тка од лежалка...
Овие цени по мене се симболични, но и доволни плажата да не се преполни и да не личи на ништо...
Таман е и со народ и со све...
