Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1519040 пати)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8145 на: 14 Септември 2023, 19:02:16 pm »
Поминав и 2 дена во Атина на враќање, ако некогаш најдам работа со добра плата - би се преселил без да трепнам, јебеш политика. Тоа таму е друг свет.

Аууу, во поѓупски град јас не сум бил, последниот град од светот е каде што би живеел, во некои населби во секоја кола воланот заклучен со канџа.
Да тргнам некаде, 1 сат да ми треба да излезам од градот, па и да влезам потоа. Со среќа ако се преселуваш некогаш...

I jas ist vpecatok za Atina imam i da ne bidam rasist ama tamu grci nema be se e afrika

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8146 на: 14 Септември 2023, 21:11:08 pm »
И јас истото ќе ти го пишам, Атина не е истата од пред 20 години, мигрантите мн ја променија безбедноста. А и некои локални балканци.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8147 на: 14 Септември 2023, 21:13:08 pm »
И јас истото ќе ти го пишам, Атина не е истата од пред 20 години, мигрантите мн ја променија безбедноста. А и некои локални балканци.

Каде се не удрија мигрантите. За 5/10 год ќе плаче Европа од нив.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8148 на: 14 Септември 2023, 23:53:39 pm »
Мигранти има секаде и многу прави разлика во кои делови од градот се движите. Во секој европски град центарот на градот и точките на туристички наплив се понабиени со мигранти. Особено околу железничка станица и меѓуградска автобуска станица. Уште пред 20 години во Солун и во Атина беше така.

Плус, Грција е транзитна земја, очекувано е да се позабележливи мигрантите, особено во градови со пристаништа.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8149 на: 15 Септември 2023, 07:24:24 am »
I vo Zurich ima ama ne e isto

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8150 на: 15 Септември 2023, 07:54:33 am »
Не се споредва Солун со Атина, далеку по чист и суреден е Солун дури и во најгнасните окрузи, Атина е Гнаса, почнува на Филаделфија да личи, епидемија на лоша /ефтина наркоманија има нешто слично на фентанил, ама тука сиса се вика, се рокаат по улици кај ќе стигнат, не знајш кај ќе  го налепиш од некој искризиран. Шо имам роднини неколку пати годината му имаат провалено дома вакви и тоа во нормална населба и еднаш и дома на спиење дури биле,  полицијата има раце кренато.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8151 на: 17 Септември 2023, 00:07:51 am »
Денес го сРушив рекордот.
33.634 чекори или 24км по планински пат горе-долу (разлика од 606м.н.в).
Тргнавме во 7 часот наутро од Прилеп до Ореше со кола (Тоуран 2021). Ја паркиравме колата и продолживме пешки до водопадите во Ореше. Направивме кратка пауза, се вративме до кола и тргнавме до колата до Папрадиште.
Ја паркиравме колата на сред село и тргнавме пешки низ една патека која беше добро разгазена, но за жал моравме да се вратиме назад бидејќи беше погрешна.
Лутавме 20 минути напразно и се вративме.
Потоа ја пронајдовме патеката и тргнавме до Чеплес (патека број 3 ако добро памтам). Одевме низ патеката која поминува низ сеча. Имавме добро искачување од 2-3 часа по таа патека со неколку паузи бидејќи бевме спиени само 4 часа јас и колегата. Кога се искачивме кај Чеплес направивме мал одмор, пиевме вода и тргнавме за брзо понатака бидејќи не не бендиса пијанчењето и некултурата во околината.
Тргнавме по една широка патека(минуваа џипови по неа) до водопадите на реката Бабуна. Патот беше супер широк, но имаше доста камења од кои сеуште ме нолат стапалата.
Искачувањето до водопадите на Бабуна вредеа, макар и без паузи. Водата беше доста ладна, но супер да те опушти после одење по камења.
На враќање се поделивме во две групи по двајца. Едната група одеше назад до Чеплес и од Чеплес назад до Папрадишта каде што ни беше оставена колата. Другата група слегуваше од водопадите до Нежилово(ние без кондиција). Стигнавме за помалку од еден час ако добро пресметав. Другата група малку задоцни, но направи 40.000 чекори, за разлика од нас кои направивме околу 30.000.
Одморивме добро во Рибник Нежилово, можам да кажам дека цените се нормални како и на други вакви места. Малку скарата им е чудна, но кога си гладен не пребираш.
Дома се вративме дури кај 21 часот.
Не беше воопшто испланирана оваа тура, да ми кажеа дека ќе поминам толку пат не би се нафатил, но вредеше (немам кондиција и не одам често да планинарам, иако порано одев секој ден).
Мала (за жал кратка) галерија испратена по редослед (од водопадите на Ореше до водопадите на реката Бабуна):









https://i.imgur.com/85YuTGL.mp4

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8152 на: 17 Септември 2023, 09:44:12 am »
Супер тура, на твои години 2-3 пати годишно ја терав сигурно.
Следен пат кога ќе одиш во рибник самото име ти кажува што да јадеш. :D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8890
  • Малерозен дрводарец
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8153 на: 17 Септември 2023, 09:49:20 am »
Рибник.
Самото име кажува квалитет.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8154 на: 17 Септември 2023, 09:55:16 am »
Можи уштипците од пастрмка беа,  затоа чудна скарата.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8155 на: 17 Септември 2023, 11:59:53 am »
Конкретно јадевме бифтек (мирисаше лошо) и шарска (убав кашкавал, лошо месо). Гладни бевме, а "од риба најаска нема".
Сум јадел секаде скара, ама никаде не е како во Прилеп.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3039
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8156 на: 17 Септември 2023, 12:14:43 pm »
Конкретно јадевме бифтек (мирисаше лошо) и шарска (убав кашкавал, лошо месо). Гладни бевме, а "од риба најаска нема".
Сум јадел секаде скара, ама никаде не е како во Прилеп.
Во бакал си јадел скара?

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8157 на: 17 Септември 2023, 12:15:26 pm »
Следно солунска глава. Ќе ве почасти војската бисквити и чај и сиктер назад. (Ако постои караулата горе)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8158 на: 17 Септември 2023, 12:23:40 pm »
Конкретно јадевме бифтек (мирисаше лошо) и шарска (убав кашкавал, лошо месо). Гладни бевме, а "од риба најаска нема".
Сум јадел секаде скара, ама никаде не е како во Прилеп.
Во бакал си јадел скара?

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Тетовско? Ако мислиш за таму не, немам.

Следно солунска глава. Ќе ве почасти војската бисквити и чај и сиктер назад. (Ако постои караулата горе)
Следно е Солунска Глава со спиење и рибешко од рибникот во Нежилово.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3039
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #8159 на: 17 Септември 2023, 12:24:55 pm »
Да, пробај па ќе видиш дали нема убава скара освен у прилеп. Ама не е плескавицата 200 ден, да не се разочараш кога ќе стигнеш таму.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk