Денес го сРушив рекордот.
33.634 чекори или 24км по планински пат горе-долу (разлика од 606м.н.в).
Тргнавме во 7 часот наутро од Прилеп до Ореше со кола (Тоуран 2021). Ја паркиравме колата и продолживме пешки до водопадите во Ореше. Направивме кратка пауза, се вративме до кола и тргнавме до колата до Папрадиште.
Ја паркиравме колата на сред село и тргнавме пешки низ една патека која беше добро разгазена, но за жал моравме да се вратиме назад бидејќи беше погрешна.
Лутавме 20 минути напразно и се вративме.
Потоа ја пронајдовме патеката и тргнавме до Чеплес (патека број 3 ако добро памтам). Одевме низ патеката која поминува низ сеча. Имавме добро искачување од 2-3 часа по таа патека со неколку паузи бидејќи бевме спиени само 4 часа јас и колегата. Кога се искачивме кај Чеплес направивме мал одмор, пиевме вода и тргнавме за брзо понатака бидејќи не не бендиса пијанчењето и некултурата во околината.
Тргнавме по една широка патека(минуваа џипови по неа) до водопадите на реката Бабуна. Патот беше супер широк, но имаше доста камења од кои сеуште ме нолат стапалата.
Искачувањето до водопадите на Бабуна вредеа, макар и без паузи. Водата беше доста ладна, но супер да те опушти после одење по камења.
На враќање се поделивме во две групи по двајца. Едната група одеше назад до Чеплес и од Чеплес назад до Папрадишта каде што ни беше оставена колата. Другата група слегуваше од водопадите до Нежилово(ние без кондиција). Стигнавме за помалку од еден час ако добро пресметав. Другата група малку задоцни, но направи 40.000 чекори, за разлика од нас кои направивме околу 30.000.
Одморивме добро во Рибник Нежилово, можам да кажам дека цените се нормални како и на други вакви места. Малку скарата им е чудна, но кога си гладен не пребираш.
Дома се вративме дури кај 21 часот.
Не беше воопшто испланирана оваа тура, да ми кажеа дека ќе поминам толку пат не би се нафатил, но вредеше (немам кондиција и не одам често да планинарам, иако порано одев секој ден).
Мала (за жал кратка) галерија испратена по редослед (од водопадите на Ореше до водопадите на реката Бабуна):








https://i.imgur.com/85YuTGL.mp4