Вчера вратени безбедно од Крит.
Се утепав од возење на враќање, автопатот преку Лариса е затворен заради поплавите, возев преку Ламиа, Трикала, Каламбака (Метеори), Гревена, Козани.
Се мислев да се враќам преку Коринт и Патра, ама премногу километри ми е.
Патот од Каламбака до Гревена е ист како тој на Пониква, само што сега цел сообраќај од Солун кон Атина (и обратно) оди преку него. Шлепери, автобуси и автомобили.

Вкупно поминати 2361km, потрошени 130L дизел (Макпетрол, Shell V-Power Diesel x2 и еднаш на Aegean), 255€
Кој може - нека си дозволи да отиде макар еднаш на Крит, не претерувам.
Поминав и 2 дена во Атина на враќање, ако некогаш најдам работа со добра плата - би се преселил без да трепнам, јебеш политика. Тоа таму е друг свет.
Во она Stavros Niarchos комплексот (
@Power to the people ), чистеа ѓубре и гланцаа подови во 11 навечер. На семафори никој не свири ако не тргнеш одма, те пуштаат да се шалташ во ленти без проблем (за разлика од Солун), иако Грците генерално се крш возачи.
Ќе напишам еден подолг пост во посебна тема ако дозволи класниот, да се приберам малку сам со себе и да легнат впечатоците.




