Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1311134 пати)

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 673
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7395 на: 16 Мај 2022, 22:55:25 pm »
Ми треба еден клаберско - патувачки совет, па може и да се развие дискусија за/против денско или ноќно возење.

Обично кога сум тргнувал накај Јонско (Лефкада, Крф и Кефалонија) - сум тргнувал исклучиво после полноќ (01:00, 02:00, зависи) и сум стигнувал за 5-6-7 саати (зависно до каде и колку паузи) до Игуменица или Лефкада, па сум фаќал траекти околу 09 или 10 по грчко. Влегуваш во смештајот околу 12-1 и обавезно спиење до 4-5 попладне.
Да напоменам дека не сум тргал ноќе „за да го фатам цел нареден ден или да не ми пропадне денот од одмор", туку заради избегнување денска жештина/сонце, гужва по пат, гужва по патарини и евентуална гужва на граница. Некако многу ми е порелаксирано ноќното возење кога одам на одмор. За враќање секако тргнувам после доручек и секако фаќа денско возње.

Летово имам планирано (резервирав смештај преку Букинг) на Закинтос.
До пристаништето Килини ми дава 7 и пол саати возење приближно, јас го ставам 9-10 саати со паузи и се тоа.

Се мислам за првпат да сменам малку и да тргнам сабајлечки и отспан. Има траект од 17:30, 21:30, па да фатам некој од овие. За првиот треба да се тргне околу 7 сабајле, за вториот околу 11 :)

Добра идеа, јас гласам против чисто што треба да се качуваш на траект.
Јас лично поаѓам откако ке се наспијам, избегнувам гужва на граница и стасувам касно. Еве пример, појдов од Ск околу 11h, правев пауза во Гевгелија и стасав во Грција околу 20h, ама друга приказна ке беше ако треба користам траект. Некако езиво ми е да се качам на траект кога е темно.
Згора на се, на пат си а и ко што знам не ти е баш нова колата, ако недај боже се седи нешто немаш време да реагираш дека касно е, сите спијат.
Јас со Стило-то на Лефкада камен на пат закачив, На Хвар без тркало ке останев од една дупка. на едниот траект се лизна едно комбе удри во друго. Кај Сплит на излегување како да рипав од тоа тракетов кога излегував.
« Последно менување: 16 Мај 2022, 23:01:02 pm draganamon »

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3059
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7396 на: 16 Мај 2022, 23:25:49 pm »
И мене ми е поубаво денско возење - станувам, се средувам и тргам на пат. Поубаво е за возење бидејќи гледаш се околу тебе, и за помош на пат полесно е да се договори денски отколку навечер.

Пред месец дена попладне тргнав накај Атина, планирано возев вечерта само до Лариса каде преспав.

На враќање сабајлечки тргнав за МК, на излез од Атина ме фати гужва (продолжен викенд). До граница (~5 саати возење) не застанав ниеднаш и помалку бев уморен отколку Скопје - Лариса попладневно/вечерно возење после работа.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7397 на: 17 Мај 2022, 00:07:06 am »
Неколку пати сум пробал да тргнам накај 3-4 сабајле и секогаш периодот од 5-8 едвај сум возел, најтешко ми е кога се разденува.

Сега пред 10 сабајле не тргам на подолг пат, лабаво, без брзање, без нервози. Стани среди се и полека накај одмор.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7398 на: 17 Мај 2022, 00:40:33 am »
@draganamon - Нема врска колата, не е толку стара :) Повеќе ми е активна темата од апдејти, не од дефекти. А гледам и да ја одржувам по пропис, па сега Боже мој, може да ти се расипе по пат и Ауди од 2021 годиште ако така е пишано.
Мене Леонов ме служи и Штип - Скопје - Штип три дена во неделата (~540km неделно), мора да се одржува.

Со Бравото (2000-то годиште) илјадници километри свртев по одмори доле кај комшииве, па само еден дефект имав со пукната гума кај Кавала. Што пак не е по моја вина. Проверив и гуми (една сезона беа "стари") и притисок пред да тргнеме за назад - сепак едната се распука. Нема контрола над некои работи, ако мислам дали нешто ќе се расипе дење или ноќе - нема да стигнам до Крупиште.

Мислам дека многукратно се намалува ризикот од срања на патувања ако си ја одржуваш колата во текот на целата година. Јас сум убеден во доктрината дека кола ќе те служи толку колку се вложуваш во неа, но секогаш има "Ама..." моменти со дефекти (механички или технички), надвор од наша контрола или одржување.

За помош на пат, да напишам пред летово. Проверете ја Vozzi српската апликација/фирма. Ги имаат променето пакетите и сега се подобри. Јас лани во јули зедов 2200 денари годишно, ќе го земам пак тој пакет. Ништо не искористив ни во МКД, ни во странство, се надевам така и да остане.
« Последно менување: 17 Мај 2022, 11:10:04 am balanar »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14236
  • Пудингот на шоферството
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7399 на: 17 Мај 2022, 01:10:52 am »
Јас преферирам ноќе,ама минатото лето иако ноќе тргнав толку многу гужва по патот беше шо само од Ниш до Табановце успеав да испукам 200 како човек.30 саати ме фати целото патување.
Нормално без гужви е 20-22 саати за 2200км...
Еднаш си тргнав околу 11 сатот наутро,наспан одморен и стигнав за 19 саати без форсирање,ама и по грабицо и по пат се погоди скоро воопшто да не закочам.
Треба да си знаеш на рутата која планираш да ја возиш во кој дел од денот знае да има гужва па да пробаш да ја одбегниш...
За 10 саати возење ништо страшно,една пакета цигари и 3 кафиња. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8589
  • Малерозен дрводарец
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7400 на: 17 Мај 2022, 01:14:58 am »
Има тука едни два додатни фактори:

Со деца или без деца?
Колкави деца?

Инаку, дај ми исправен автомобил, боли ме курац дали сонце грее или лилјаци летаат над мојот кабриолет среде пустинска бура.
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14236
  • Пудингот на шоферството
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7401 на: 17 Мај 2022, 01:26:24 am »
Детето е 9г кај мене,со него кога сум само еднаш немам преспиено по пат,стално си застанвам или Словенија или Австрија.
А и не дека се жали,ужива да се вози посебно навечер.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8589
  • Малерозен дрводарец
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7402 на: 17 Мај 2022, 01:29:47 am »
Ај да се мењаме :))))
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6792
  • French diamond
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7403 на: 17 Мај 2022, 02:27:09 am »
Јас еднаш и никогаш повеќе сум тргнал од Гер за Мк вечерта кај 3 сатот директно после ноќна на работа, како не цркнав по пат незнам  ;D

Најважно е според мене наспан да тргниш, а тоа е најчесто сабајле.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7404 на: 17 Мај 2022, 08:33:16 am »
Наспан е битната одлука. Не е времето кога тргнуваш.
Ако си легниш во 19ч претходниот ден, спремен си да тргниш во 3:00 и да се вози ноќе.

Јас обично така практикувам. Да избегнам жештина, да избегнам гужва на граница, гужва по патиштата. Во последниве 5 години и да избегнам драма од вриштење по пат.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29596
    • CARclub.mk
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7405 на: 17 Мај 2022, 09:19:37 am »
Јас би рекол дека е поважно (ако е можно, нели) да се тргне во не-патувачки ден. Да се избегнат петок попладне и сабота наутро за патување, односно недела попладне за враќање.

Ептен е друго, особено на граници. За жештини-мештини, си има клима. За драма и вриштење по пат, има кондоми. :D



Мала шала, мала шала. :D

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1840
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7406 на: 17 Мај 2022, 09:29:42 am »
Колкав сака нека е патот, јас мора да сум наспан за да возам, најчесто тргам 8,9 па и 10 сабајле ако е поблизу, станувам кафе, доручек, децата да растегнат нозе, и тргам.
Кога сум наспан сум многу поконцентриран, не сум воопшто нервозен и многу сум отпорен на кенкање во кола, децата исто, наспани и најадени си муабетат, разгледуваат, и си кажуваат кога сакаат пауза дека се укочени.

Имам едно правило, може да тргнам сабајле и во 6-7 ама да возам додека да се стемни, чим падне прв мрак веќе несакам да возам, ми сметаат многу светлата отспротива и ме заслепуваат.

Лани спиев два саати и во 4 сабајлето тргнав за Букурешт, после Ниш застанав и дадов другар да вози, јас као да одморам, демек одморив па пак провозев пола саат во Романија и баталив, неможев, затоа на пат само наспан, гајле ми е дали е топло ладно врне или вее.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4756
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7407 на: 17 Мај 2022, 10:01:56 am »
За драма и вриштење по пат, има кондоми. :D


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1661
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7408 на: 17 Мај 2022, 11:40:53 am »
Јас секогаш без исклучок тргам на пат од сабајле и наспан.

П.С. Поздрав од кај јужниот сосед



Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7409 на: 17 Мај 2022, 11:42:15 am »
@Bravo - Кај си вака? На Паљури ми личи...