Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1312111 пати)

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7425 на: 18 Мај 2022, 08:33:52 am »
Лево од “пристаништето“ плажата е многу подобра од оваа што ти е заокружена. :)

Kade ima pristanishte vo Metamorfozi? I koja godina si bil na taa plaza? Vo 2019ta koga bevme najmnogu ni odgovarashe plazava od hotelot.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7426 на: 18 Мај 2022, 11:13:46 am »
Под Барукони.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8596
  • Малерозен дрводарец
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7427 на: 26 Мај 2022, 00:49:27 am »
Другари, кај имаат јужно-македонциве добар камп, треба дечишта да водам да пијат песок и да јадат вода.

Пред некое време бев во она Екатерини Велика, Платамонас.
Додека целата ситуација беше супер (за нив), сè уште го пцујам креветот 180х140, за двајца.

Да најдев барем бунгалов со посебна спална, малку да одморам.
Вака, за 7 дена работам повеќе отколку 2 месеци професионална работа дома :))
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7428 на: 26 Мај 2022, 01:15:26 am »
Armenistis.gr samo mislam deka teshko mesto vo nivnite prikolki ili bungalovi

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8596
  • Малерозен дрводарец
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7429 на: 26 Мај 2022, 01:33:03 am »
Да си ми жив и здрав, баш во тие блеев до пред малку :)))
Има некоја листа топ тен, што ти ја знам... а не се прескапи, само сајтот им е лајно, па пишав на контакт инфо.

Ако има некој други предлози, комплетно добредојдени.
Мразам песок. Вадите човек во патња од длабока кал овде. :)
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5462
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7430 на: 26 Мај 2022, 08:29:43 am »
Armenistis, имаш и бунгалови и приколки за рентање. Ама се жалеа лани претерано скапо и многу галами. Мани гугл тука околу Арменистис или троа подолу до Сарти има еден куп, ќе одлучиш по оценките и сликите.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3997
  • MadaFunker
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7431 на: 26 Мај 2022, 09:29:00 am »
Другари, кај имаат јужно-македонциве добар камп, треба дечишта да водам да пијат песок и да јадат вода.

Пред некое време бев во она Екатерини Велика, Платамонас.
Додека целата ситуација беше супер (за нив), сè уште го пцујам креветот 180х140, за двајца.

Да најдев барем бунгалов со посебна спална, малку да одморам.
Вака, за 7 дена работам повеќе отколку 2 месеци професионална работа дома :))

http://www.greececamping.gr/campingsList.asp?d=18  Knock your socks out googling :)
New blood of old school

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7432 на: 26 Мај 2022, 13:00:30 pm »
Да си ми жив и здрав, баш во тие блеев до пред малку :)))
Има некоја листа топ тен, што ти ја знам... а не се прескапи, само сајтот им е лајно, па пишав на контакт инфо.

Ако има некој други предлози, комплетно добредојдени.
Мразам песок. Вадите човек во патња од длабока кал овде. :)

Се обидов во март да пазарам нешто во Арменици но не успеав да најдам соодветна комбинација и се откажав. Сега ќе одам во овој Кастело https://www.booking.com/hotel/gr/camping-castello.en-gb.html во барака со две спални и настршница пред врата. Не очекувам многу, само да има струја и комарници на прозорите. Се надевам нема да е тотално разочарување. Одам сега на 10ти Јуни па ќе склопам една пшовратна.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1781
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7433 на: 26 Мај 2022, 23:10:42 pm »
Јуниов планирам да одам на кампување во Арменистис. Се наоѓа место за шатор што е скоро на плажа и кога ќе се разбудам на сабајле да се опулам директно в море? Се надевам нема дечишта на сабајле да ме разбудуваат од 7ч.

Досега во Грција имам одено на кампување во Евридики и Неос Мармарас.

Евридики ми дадоа место на влезот во кампот и имаше премногу гужва. Топла вода за туширање само додека се сите на плажа, после тоа накај 19ч нема шанси.

Неос Мармарас немаше многу гужва (мислам вон сезона бевме) ама не ме бендиса што плажата од кампот беше грда, а за да појдам на таа до кампот (која беше поубава) требаше скрос горе да излезам од кампот, па да слегувам долу. Башка и местото Неос Мармарас не ме бендиса, сето угорници удолници.

Може и да препорачате некој друг камп на втор крак со чисти вц-ња, топла вода и маркет.

 Сакам на втор крак оти многу го имаат фалено на форумов како имал многу убави плажи, а јас од што имам (скромно) искуство немам зачекано такво нешто, па да истражам подетално годинава

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 206
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7434 на: 27 Мај 2022, 00:58:18 am »
Дечки дајте совет на која страна на вториов крак да барам смештај, планирам да отидам на неколку дена следнава недела.
Странава на Сарти и околу ми делува дека е со поубави а и поинтимни плажи и повеќе барови на плажа или се лажам.
Не сум бил на крациве  никогаш а побарувањата ми се:
да е фино местото навачер за прошетка;
до максимум пола саат возење за до различна плажа секој ден;
Сарти е местото што го барам или имате друг предлог?


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7435 на: 27 Мај 2022, 01:18:26 am »
Неос Мармарас или Сарти. Пазете само со плажата во Сарти, се јавуваат rip currents и се дават луѓе обавезно секое ебено лето.
Првото (Неос) е поживо за навечер, второто е една улица со дуќани и толку.

Ќе напишам неколку плажи што МОРА да се посетат на вториот крак, па одберете си сите што ќе идете натака летово:

- Калогриа
- Лагомандра
- Каламици (најдесно на плажата, барајте го Chica Beach Bar)
- Тиганиа (оваа е MUST, може најдобрата плажа на кракот)
- Климатариа
- Orange beach. Овде имате фактички две плажи: Kavourotripes која впрочем е десниот дел и популарниот и ја имате Mega Portokali која е на лево, е помала, ама е топ
- Лагониси

edit - Од она што имам гледано видеа за rip currents, а гледав доста бидејќи не се моткам во плитко: луѓе се дават бидејќи паничат и губат снага пробувајќи да пливаат кон плажата (контра струјата). Треба да се остави да ве носи до кај ве носи (додека не изгуби од јачината самата струја), па потоа се плива ПАРАЛЕЛНО со плажата и потоа пак кон неа. Нешто како П буквата ќе му дојде.
Можеби изгледа како бош инфо, ама...
« Последно менување: 27 Мај 2022, 08:30:50 am balanar »

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7436 на: 27 Мај 2022, 09:38:23 am »
Jas ne bi odel pak vo Sarti ova so plazata tocno e se javuvaat nekoi strui edvaj isplivavme isto imase i drugi so se zalat so se desava neznam .....Isto i so smestajot ne ni se pogodi mnogu drugar sto bese tamu mi go najde a i izgor skapo 60 eur za vecer nisto posebno, ovaa godina i toj se otkaza prasuval za istiot smestaj mu rekle 100 eur od vecer plus odnapred da pusti kapar....Za setanje ima mesta da se vidat bevme do tvrdinata gore na pocetokot od plazata interesno e pod sarti imalo mn interesni plazi ama ne stignavme da otideme natamu .....

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7437 на: 27 Мај 2022, 09:39:40 am »
Дечки дајте совет на која страна на вториов крак да барам смештај, планирам да отидам на неколку дена следнава недела.
Странава на Сарти и околу ми делува дека е со поубави а и поинтимни плажи и повеќе барови на плажа или се лажам.
Не сум бил на крациве  никогаш а побарувањата ми се:
да е фино местото навачер за прошетка;
до максимум пола саат возење за до различна плажа секој ден;
Сарти е местото што го барам или имате друг предлог?



Сарти во никој случај, никогаш во животот!

Јас еднаш бев и прв пат на одмор да пцујам 10 дена.

Плажата никаква. Водата средно жалосна. Дува ветар на плажа нон стоп. Ајде си викаш штом дува на плажа ќе одам низ градот малку да прошетам, тамам свежо.
Во градот ништо, никакво ветре. Пекол!
Скапо за тоа што се нуди.

Прв пат во животот да спијам со клима преку ноќ пуштена.
Срби колку сакаш и каде сакаш. Цел град го работат срби. Сигурно веќе и фолкче си се пушта по кафичи.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7438 на: 27 Мај 2022, 11:10:39 am »
на Чинкве тере да предложи некој сместување?
кафанче, плажа..

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 206
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7439 на: 27 Мај 2022, 12:53:19 pm »
Дечки дајте совет на која страна на вториов крак да барам смештај, планирам да отидам на неколку дена следнава недела.
Странава на Сарти и околу ми делува дека е со поубави а и поинтимни плажи и повеќе барови на плажа или се лажам.
Не сум бил на крациве  никогаш а побарувањата ми се:
да е фино местото навачер за прошетка;
до максимум пола саат возење за до различна плажа секој ден;
Сарти е местото што го барам или имате друг предлог?



Сарти во никој случај, никогаш во животот!

Срби колку сакаш и каде сакаш. Цел град го работат срби. Сигурно веќе и фолкче си се пушта по кафичи.

Во секунда ме откажа од Сарти со ова :D