Ок, признавам, екстремен е примерот, ама друга ми беше поентата.
Се зезам, те сфатив уште у првиот пост.
Он-топик:
Муабетот со Миланеее е колку-толку основан. Сум чул и како се дерат Киреее во Сарти и сум чул како се дерат Џакомоо како ненормални на Гиалос на Лефкада. Нема правило.
Секој си оди на одмор со тоа колку му е чергата. Од тоа ја бира и дестинацијата и смештајот и начин на превоз и џепарац. Дефинитивно во зависност од дестинацијата ќе се слушне повеќе Миланеее, тоа е факт.
На тема диви плажи vs урбани:
Јас сум фан на диви плажи. На Ammidi на Кефалонија
https://goo.gl/maps/DEwKAPBHenuBfWrL7https://goo.gl/maps/KtCnYTtF2PKstHeF6се осеќав како да сум на некој пуст остров буквално од филмските екрани. Очекував позади грмушките да се појави Капетан Кука со папагал на рамото. До толку ме занесе плажата како целина. Мaгично и многу ретко чувство е во животот да начекаш таква плажа, тотално пуста.
Девојка ми сака повеќе урбани плажи.
Ми се случувало да станам сабајле, да бутнам во фрижидерчето за плажа вода, сок, пиво и по некој homemade сендвич доколку сме одлучиле тој ден да одиме на некоја дива плажа. Во гепекот секако дека имам рогозини, чадор... Но влегувајќи во кола знаеме да ја смениме дестинацијата, па да завршиме на некоја поурбана плажа каде нема потреба (и е смешно) да вадам чадор, рогозини или фрижидерчето (кое жалосно си се лади од замрзнатите патрони во гепек).