Врти сучи пак најмногу идеме во Грција, сепак близината и „нашето море“ си го прават своето и (поготово мене) се пресудни за избор на дестинација за одмор. Оваа година (трет пат вкупно) бев Полихроно 10 дена и немавме проблеми од типот „Милане“ (иако најбројни сме ние македонците, србите), нити пак со МК таблиците (не фарбани, без НМК, без изолир). Стандард шема одмор со мало дете (од 4 години), кое веќе, фала богу, потпорасна и може да се размислува за некоја друга дестинација (нешто од втор крак) за следната година. Од кај нас (Стокомак и Тинекс) опремени фул, креми за сончање од ДМ, плус по нешто домашно зготвено ставено во (неизбежното) фрижидерче. Кога веќе одам со кола, зошто да не си носам наше пиво (0,5 е) за да не го плаќам таму 1 е (во продавница), носам млеко за малата за да не го плаќам скоро 2 евра таму. Крема за сончање кај нас (во ДМ имаше акција баш пред да идам на одмор) 150-160 ден, а во Грција немаше испод 600 денари, а ние носиме по 7-8, што за сончање разни фактори, па афтер итн. Оваа година си купив таму од оние ниски столчиња за на плажа, право уживање и се каам што порано не сум си купил. Плажата беше на 20 метри, правевме пауза за ручек дома, обавезно со камен ладна ракиичка и домашно патлиџанче (од кеиф а не толку заради цената на пластичните и невкусни грчки домати).
На пола одмор се вративме на 1 ден заради неодложна работа и пак анзад следниот ден, така да утепав едно 1500 км натаму наваму и оваа година првпат после не знам колку време 10 дена одмор, порано се по 7 и баш се осеќа разлика.
Следанта година, да сме здрави и живи, би менувале локација, со можни кратки екскурзии (од местото каде би седеле до некоја „поприродна“, односно дива плажа.