Доку*чува Грчка.
Се мислам за Ксамил годинава.
Искуства?
Да споделам и јас искуство од Албанија, ксамил. Бев пред 2 години така "за проба" да речам и за промена од прескапата грција, и искрено кажано пријатно се изненадив.
Се што ти кажа казан да не повторувам, во "кратки" црти:
- малку повеќе пат, монгу тунели, бев преку грција така што не се осеќа патот многу потшо нема дупки - додека да стасаш во албанија таму малку ќе се помачиш и раздрмаш таман да се расониш за одморот

- плажите се супер особено ако си со кола можеш да прошеташ подалеку над саранда имаш екстра плажи поубави дури и од некои во грција. Ако одиш на најблиските плажи околу ксамил очекувај гужва но пак е ок не е ништо сташно, зависи и кое време ќе одиш.
- цените изненадувачки ниски, некои производи поевтини дури и откај нас. евтин смештај, евтина храна... значи ние (бевме 2 пара) носевме пари како за во грција а кога се вративме дома буквално се чудевме како е можно толку малку пари сме потрошиле.
- целата област е сеуште во развој така да очекувај да видиш неуредни улици, дворови, дури имаше и цели вили изградени по 3-4 спрата веројатно дивоградби и им ги исекле стубовите на една страна и оставено така да стои малку грдо изгледа
- за смештај не можам многу да кажам освен во вилата каде што бев јас. Газдата беше грк што на почетокот ми беше малку скептично, јас го најдов airbnb но не резервирав преку нив. Стапив во контакт со него пеку вибер, се договоривме за цена дури се и исценкавме за смешни пари. Ми беше чудно што не се замараше многу, дури кога го прашав како да му пратам капар за резервација ми рече не мора уживај ќе ми дадеш кога ќе дојдеш

чудно ми падна пошто ние научени дека ова македонец не го парви а не па некој грк. Во секој случај се нафатив на "ризикот" и не се каам. Кога стасавме ја најдов вилата каде е (по гоогле мапс) и отидов таму. Немаше никој па му пишав смс тука сме стигнавме. Ми врати почекајте за пола саат ќе донесат клуч. Прошетавме кретко и се вративме пак таму и стварно дојде еден дечко албанец донесе клуч ни отвори ни покажа и си отиде. Ни пари ни капар ништо

Влеговме во вилата се сместивме уклучивме рутер немаше интернет, му пишав sms ми врати ќе биде средено за кратко. Ние се раскомотивме отидовме да прошетаме да видиме каде сме што сме. Кога се вративме интернет беше среден, му се јавив на дечкото така да му кажам се е ок и да видам за плаќање. И пак ми вика немај гајле уживајте ќе дојдам јас ќе ми дадеш пари.
Вилата уште едно изненадување, беше екстра добра, куќа 2 спрата, сеуште беше во изградба ама долниот спрат среден топ имаше 2 апартмана од дома поубаво.
Дневна со кујна комплет со вграден, фрижидер, фурна, микробранова печка, комплет сервиси ножеви, чаши големи мали, тави мави.... абе поубаво од дома пак ќе речам.
ЛЦД телевизор, кабловска интернет добар со посебен рутер за секој апартман (чудно?)
Спални 2 една огромна 180цм со дупол душек, другата со два кревета споени исто со добри душеци. Тераса средена, врати прозори квалитетни се ново, со комарници со ролетни...
Купатило големо туш кабина, топла вода колку сакаш, бојлер уклучен 24/7, крпи, тоалетм сапуни нови... обезбедено се.
Перлана имаше една ставена во ходник меѓу 2та апартмни кој сака да ја користи.
Вилата имаше алармен систем и видео надзор надвоешно. Колата си ја паркираш внатре, целата вила оградена, заштитено.
Значи подобар смештај не сум имал ни во бугарија ни во грција а богами ни во македонија

И за плаќањето само да се докажам да не речете без пари сум бил, поминаа 2-3 таму од газдата ни трага ни глас. Му звонам на вибер абе газда парите, вика не можев да дојдам ајде ќе пратам некој, дојде истиот дечко што не пречека му ги дадовме парите. За целото време што бевме таму никој не те чепка не ти досаѓа, во вилата бевме сами освен првиот ден кога во другиот апартман имаше една фамилија од UK.
Сега кога ми текне во грција 90% од смештаите една соба со 2 "болнички" кревета, едно решо и чешмичка одма до креветот

... не ми се ни стапнува таму
- генерално мое мислење исто како да си на одмор во грција за мноооогу помалку пари, и малку повеќе патување