Пред некоја година, пред влез на фамозното место одбрано за таа година за одмор (читај: пијанчење под сенка и пијанчење под сенка и пијанчење на плажа ноќе)... значи пред влезот стоеја некои дечки што делеа крофничиња (локумадес, курмадес ор самтинг) и кога застанавме со колата, на наше (или накумановски, сеа да не ситничариме, од Куманово беше чупето што раздаваше од зарзавато) ни се обрате:
- Извинете, не ни е дозволено да даваме од овие на тие со македонски таблици...
Тоа беше последниот пат да стапнам кај такви лигушкари на кои им оставаш пари и те третираат како најголем клошар. Понижувачки е.
А имаат убави места, не велам не, ама ме нанервираа.