Во ксамил бев и јас во 2016та преку Грција. Патот убав низ грција и малку лош низ албанија но ништо страшно.
Ксамил е едно мало местенце но многу кул. Некако се осеќав како дома, како пола живот да сум го поминал таму. Луѓето многу услужливи, цените како што кажаа и погоре, евтини. Смештајот одличен!!! Голема спална соба, нов лежај, убав шкаф, убаво купатило. Пријатно бев изненаден што секој ден ја чистеа собата, и менуваа пешкири иако им кажував дека нема потреба.
Храната вкусна и евтина. Јадевме сите 10 дена по ресторанчиња и ако добро ме држи памет потрошивме околу 550€ со се пат, смештај, јадење зелен картон... Инаку бевме 2ца.
Најблиската плажа ми беше на 3мин пешки. Едина мана барем за нас беше тоа што сите плажи им се малечки и тешко се начекуваше лежалка. Моравме да станеме во 6часот да резервираме лежалка (оставаш пешкир и плаќаш) па да идеме да се доспиеме па после на плажа. Во разговор со газдата каде што бевме сместени ни кажа дека сме одбрале лош период(1ви Август) за одмор бидејки на 1ви доаѓа пола италија во ксамил.
Горе доле тоа е тоа, убави спомени релакс одмор.
Мој совет избегнувате го почетокот на август ако планирате да одите во Ксамил.
Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk