Доку*чува Грчка.
Се мислам за Ксамил годинава.
Искуства?
Прво да кажам... Се што ќе пишам во врска со Ксамил, е искуство базирано на лична посета во 2013та. Што значи не се рекла - казала муабети од типот БЕШЕ КОМШИЈАТА И МИ КАЖА ДЕКА... Воедно, од тогаш до сега, може некои работи се смениле..
Епа вака... Ако "стандард" за добро место за летен одмор ти е некое место во Грција, Ксамил нема да ти се свиѓа. Зошто? Самата инфраструктура... Улиците, организацијата и средувањето на плажите, нема паркчиња или поголеми шеталишта, во деловите каде што се гради е уште похаотично... Исто ко да си отишол у Пештани, ама на море. Луѓето и угостителите се многу пријатни и услужливи. Англиски не знаат многу - многу, али ако не знаат они, обавезно има некој околу нив што знае... Ќе се разбереш.
Смештај како смештај, тоа е тоа... Големи куќи, вили и "хотели", релативно нови и тазе изградени. Убави апартмани, сите потреби и услови задоволени, ама на пример немаат средени дворчиња, скари, паркчиња ова - она.
Плажи... Плажите се најголем плус на Ксамил. Генерално се мали заливчиња, заштитени од бранови од околните островчиња. Мирна и чиста вода. Ситен песок. Скоро секаде се со чадори и лежалки, некои се понатрупани, некои не толку... Ама генерално се сите убави. Ако не сите, повеќето од нив.
Цени... Во маркет, македонски цени. За многу од производите дури и пониски цени од кај нас. Чадори и лежалки (тогаш) поевтини од плажа у Охрид. Цигари исто ко кај нас. Бензин исто ко кај нас, али осетливо понеквалитетен.
Нема многу ресторани, повеќе се пицерии и сендвичари. Ако сакаш забава, искачање - идеш Саранда (нешто помалце од 20км од Ксамил).
Патот до таму... Јас бев преку Струга. Низ Елбасан и Фиер, до Валона. Па покрај Дерми и Химаре до Саранда, и на крај стигаш у Ксамил... Околу 530км, ама околу 8 саата возење. Нема патарини, ама нема многу и автопат. Полицијата не е строга, немаш проблеми. Друга варијанта - преку Грција. Патот е далеку поубав (така викаат), али земајќи го у обзир малтретирањето на граница, временски ќе те фати исто. Трета варијанта ти е исто од кај Струга, па Елбасан, па Фиер, па после не продолжуваш накај Валона, него надоле накај Ѓирокастер. Патот е поубав од првиот, временски е пак тука некаде.
Не ми текнува нешто друго. Ваљда тоа ќе е тоа...

Sent from my Redmi Note 7