Од една страна збориш за заглавеност во СФРЈ, од друга страна и самиот си заглавил таму со сеќавањата. Градиште е одамна реонот на охридското крајбрежје со најдобрите дневни и ноќни журки, а тие информации нема да ги знаеш само ако последниве години си живеел под камен и си немал интернет конекција.
Си има други кампови за фамилијарен одмор, Градиште сега е точка за млади.
Баче јас зависно од другите патувања, но едно 20-40 денови секако комбинирам во Градиште секоја година. Не зборам за „заглавени сеќавања“, секоја година сум таму. Кампот е тоа што е, јас едноставно го избегнувам спомнатиот период од втора половина Јули и прва половина од Август. Всушност гледам што повеќе време да поминам таму во Мај/Јуни и во Септември. И журките на трета/втора плажа никако не се проблемот, туку сељачиштата кои гравитираат во кампот во тој период, и лупаат турбо фолк на милион децибели по цела ноќ. Тоа е проблемот, а не журките.
Кажи во кои други кампови езерото има почиста вода за капење?
И второ, како на друг начин за ~650 евра да поминеш толку денови во смештај тука веднаш покрај езерото? И со бонус за истите пари сето друго време од целото лето баби/дедовци да уживаат со внуците на одмор?
Тоа е тоа што се обидувам да го кажам, можеби некој не е свесен за можностите и за предностите на кампирањето. За некој хотел е поубаво, ама како што велат - секому неговото.
Инаку и во Десарет имам идено неколку пати во последниве години, некои синдикални дружби. Местото е убаво, инфраструктурата е солидна (пошто е наследена од времето кога солидно се правеле работите), ама услугата е без врска, нељубезни и нерасположени келнери, храната е просечна кон потпросечна... Што повеќе да кажам, никогаш не би уплатил сопствени пари за таму (дури и да не идев редовно во кампот во близина). Но Калимеро напишал откако веќе уплатил, и тоа е тоа.