Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1518725 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5850 на: 22 Август 2018, 01:02:40 am »
за чистотата на водата не би се согласил, за бистрината можеби
секоја од последниве 5 години (секоја одиме, ама последниве е воочливо), 2 од децата и сопругата се нафрлаат со црвени пликчиња по кожата, особено на прва плажа
лани бевме 3 дена на погорните, последниот ден бевме на прва и веднаш се исипаа
не се само нашите, по плажата се забележуваа и други дечиња и луѓе нафрлани
староседелците велат дека недалеку од плажата се исфрлаат фекалиите од кампот, па посебно е воочливо во шпиц охридски термин

Ова ви е од алгите. Деца се најподложни, и најмногу затоа што алги најмногу има во плиткото - каде што се и децата. И алги најмногу има во заливите каде не фаќа струја од езерото и каде се застојува водата повеќе. Таква е првата плажа, ама има и многу други места. Јуни/Јули најмногу се дешава ова пошто тогаш најмногу има од алгите, некогаш и во Август (значи во шпицот на сезоната). некој е повеќе подложен на црвенило некој помалку, можеби е до имуниот систем. Туширајте се со шишиња вода после капење. Ако има многу црвенило и чешање во аптеките продаваат некој прашок како талк што многу го ублажува чешањето.

Фекалиите се пречистуваат во пречистителна станица на крајот од првата плажа, личи на зелена кула, и одводната цевка оди во длабоко десетици метри подалеку од плажите. Не е до тоа, затоа што потполно истото ќе ве случи и ако идете на дивите плажи на километри оддалеченост, каде што нема жив човек.


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5852 на: 22 Август 2018, 07:52:41 am »
Aлергија од сонце е сосема друга (и неповрзана) работа.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5853 на: 22 Август 2018, 08:36:39 am »
Сигурно не е од вода, ние ко деца у Лепенец сме се бањале ;D

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5854 на: 22 Август 2018, 08:49:04 am »
Ние како деца живеевме во друга ера, тогаш не постоеја алергиите :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5855 на: 22 Август 2018, 10:39:26 am »
Јас во случајов зборувам за нешто што го гледам секоја година со многу деца. Буквално се гледа кога има многу алги, водата е жолтеникава во заливите каде е позастојана (прва плажа во Градиште е таква, и најмногу накај докот до ридчето). Тогаш најмногу се случува децата да добијат црвенило. И кога ќе кажам алги, не мислам на големи алги туку на микроскопски мали организми.

Марјанот поназад напиша дека проблем имале на првата плажа, a немале проблеми кога оделе на втора/трета плажа во Градиште. Тоа е затоа што таму има поголема струја и се меша водата. Првата плажа е во поголем завет и од струјата и од ветерот.

Од друга страна кога ќе задува јак ветер (и ќе ги однесе алгите да не бидат претежно во најплиткото), и ќе се задржи такво време, во тој период нема појава на црвенило кај децата.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5856 на: 22 Август 2018, 11:54:45 am »
Според твојата теорија црвенилото треба да го има по цело тело ?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5857 на: 22 Август 2018, 13:29:07 pm »
раце, нозе, тело, како мали пликчиња, како убоди од комарец, не црвенила како од линкот погоре
може да е од алгите како што вели @Van
има врска веројатно и од кожа до кожа, јас и едно од децата не се исфрламе

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5858 на: 22 Август 2018, 13:31:58 pm »
...

Веројатно имате повеќе бензин во крвта отколку што треба. Или Алфитис синдром. Кој ти знае....
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5859 на: 22 Август 2018, 13:32:35 pm »
Сигурно не е од вода, ние ко деца у Лепенец сме се бањале ;D

Ќути ќе бев вечна ја памја, не само ја 2-3ца што бевме, по тоа дупките :D

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5860 на: 22 Август 2018, 13:34:28 pm »
Кога веќе почнавме за алергии. Доколку имате проблем со алергија од сонце, ви препорачувам да користите Нивеа млеко за сончање. Можеби се малку поскапи, но се начекуваат на акција по големиве маркети.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5861 на: 22 Август 2018, 14:48:19 pm »
Според твојата теорија црвенилото треба да го има по цело тело ?
Како што опиша Марјанот, црвенилото изгледа како убоди од комарци/инсекти. Деца што не се капат немаат симптоми, па и по цел ден да се на сонце. Најмногу се исфрлаат тие што седат долго време во најплиткото. Зборуваме за топли периоди од по неколку денови, без бранови и ветер. Водата тогаш добива малку жолтеникава кафеавкаста боја, и прави пена од пливање и од чамци. Сите старци што седат преку цело лето велат дека алгите го предизвикуваат проблемот, и реално алгите се секогаш присутни кога има најмногу случаи. Друга (малку) можна опција би бил некој воден инсект што живее во најплиткото, но никогаш немам видено на дело такво нешто.

Фекални материи не се проблемот, ова се дешава некогаш и во Мај а кампот не е полн до почеток на школските распусти.


раце, нозе, тело, како мали пликчиња, како убоди од комарец, не црвенила како од линкот погоре
може да е од алгите како што вели @Van
има врска веројатно и од кожа до кожа, јас и едно од децата не се исфрламе
Или можеби и имуниот систем има врска, или колку време се седи во најплиткото... Или некоја комбинација од се што се спомна. :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5862 на: 22 Август 2018, 15:24:30 pm »
Можеби проблемот е и поради подолгото седење во вода кожата знае да омекне да набабри потоа одма на сонце печење и доаѓа до осип ...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5863 на: 22 Август 2018, 16:46:19 pm »
Во главно не се дешава на тие што пливаат во длабокото, јас на пример некогаш и по цели саати не излегувам од вода. Од друга страна кога некој другар ќе запне да пиеме пијачки во плиткото, знае и мене да ми се случи... Како што кажав, често сум таму па имам прилично прилики да размислувам за ова.  ;)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5864 на: 22 Август 2018, 17:02:59 pm »
Уште сте заглавени во Градиште?
Одете на воениот камп во Свети Наум и уживајте, остајте го Градиште на тинејџерите :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.