Сега за сега, нигде не идеме. Месецов сме кнап со кеш па затоа ќе си одиме 10 дена во сопствен смештај во Охрид. За во Септември здравје, некаде по краците од Егејскиот дел од Македонија или поточно во околијата на Сарти каде што шефо-главен на форумов милува да си ги лади тестисите
@Kalimero
Ако одиш преку Албанија, глеј да бидеш пред 4:00 сабајле на граница. Потоа ќе те фатат гужви и ќе го е*еш денот. Јас и жена ми (тогаш девојка) имаме идено Скопје-Будва преку Албанија за 8 саати. Турата е Скопје - Тетово - Гостивар - Кичево - Струга - Ќафасан(Ќафтани) - Елбасан - Драч(Дурес). Елбасан - Драч е магистрален пат околу 100km и ако го фатиш рано на сабајле ќе го извозиш за помалку од саат. Понатаму по автопат возиш накај Тирана и на пола пат вртиш према Скадар(Шкодри), поминуваш преку големиот дрвен мост и цепаш право на Албанско-Црногорска граница. Од таму према Улцињ, па возиш покрај море по магисралниот пат се до Хрватска. Потоа од граница до Дубровник колку што се сеќавам имаш околу саат време вожња и таму ќе си направиш една убава пауза. Нагоре ќе се снајдеш покрај Јадран по магистралниот пат.
@ace-106 и Osmica9
Ипсос е топ место на Крф, ама во периодот кога ace ќе оди е тапа. Не работат ни пола од локалите. Како и да е, во тој период цените се доста пониски. Ако не идете со сопствен превоз, обавезно да си изнајмите количе (мноштвото се Хјундаи Атос) и да одите да шетате секој ден на различни страни. На секоја страна од островот морето е различно, а и плажите. Најефтини за рентање ви се возилата кај Кристофер кој се наоѓа на излезот од Ипсос. Ценкај те се за 10 дена, не треба да ви земат повеќе од 20-22 евра на ден за Атос.
Ако ве интересираат убави плажи и места, нај-маркетиншки истакнати се Глифада и Палеокастрица. Јас сепак ќе ви препорачам да одите на западна страна, има една плажа се вика Халикунас, покрај мочуриштето/езерото. Ја знаат само локалците и не ја кажуваат на странци. Плажата е дива со сахарски песок и тиркизна боја на морето, свртена према отворено море и долга неколку километри. Има само еден кафич и чат пат по некој гњурец или нудист. Подолу има и уште еден комплекс со бунгалови, само не ми текнува како му беше името.
Ако ве интересира блуд и разврат, сигурно ќе отидете на југ, заборавив како се викаше местото. Ќе ви биде интересно ако сте средношколци, во спротивно местот нема врска. Пијани деца се такмичат кој ќе направи нај-неморална и нај-одвратна работа. Ако ви е за дупење боље идете во главниот град има неколку дискретни борделчиња, каде невестите се порпилично скапи.