Аууу Гојдо, РЕСПЕКАТ за објаснувањево, подобро и да неможе да биде.
На ова моментално му давам еден принт и листот го ставам у кола.
Фала многу.
Во секој случај земи си гугл-мап. Во Албанија немаш патокази, локалците не знаат англиски (знаат само Итањански) и внимавај на враќање да не залуташ кон Тирана. Јас наместо да свртам кон Драч, продужив накај Тирана. Потоа едвај со еден локалец кој знаеше грчки се разбравме и ме извади на патот према Елбасан. Тоа е нај-језивиот пат што некогаш сум го видел во живо или на филм. Широк е 5 метри и се вози по срт на височина од 2000 метри. Од двете страни е провалија и не се гледа дното. На делови има и магла и никаде на патот нема банкина. Целиот пат е во кривини и нерамнини. Иако е 35 километри мене ми требаше повеќе време да го извозам одошто од Драч до Елбасан.
Фала гОЈДО за препораките;)
Иначе прв пат ке одам без кола зш ме исплашија многу скап бил траектот,и такви глупости,али нема везе више,платено-завршено,ке си изнајмам скутерче некакво и ке се тркаламе со женатами по островот !
Успут знам дека е тапа период за журки,и забави,али од друга страна,ке остане некој денар и за во септември
Со скутерче ништо не правиш. Можеш само локално да се возикаш. За надвор ќе ти треба или кола или саглам мотор - над 200 кубици. Има многу удолници, угорници и кривини. Башка ќе сакаш да си носиш ствари со тебе, поготово ако сакаш да заштедиш, т.е. да не плаќаш за лежалки и чадори по 15 евра од плажа и да не се храниш во ресторани и фастфуди. Да не збориме што ќе губиш време за патување со скутерче, а со кола ќе ја распичиш каде што има услови. Плус рачунај дека ќе идеш до главниот град навечер. Таму има забава и е многу пријатно навечер за шетање. Од почеток на лето до крај, секој ден има по некаква манифестација. Има многу свирки на плоштадот каде можеш да си донесеш пијачка од продавница и да си пијуцкаш на лице место. На излез од главниот град према Ипсос има и Лидл од каде најефтино ќе си набавуваш намирници, а ако си низ други места барај супер маркети Арванитидис. Најефтино гориво ќе полниш во Авин.
Како и да е, немој да штедиш на превозот. Островот е преубав и за 10 дена можеш убаво да го разгледаш. Во принцип, како и секој друг остров е место кое се посетува само еднаш, па така искористи го времето рационално.
Ти на плин си... и немаш гајле... и во најмала рака треба да се поминат минимум... 1500 км а бензинот во грчка е огин и пламен
Супер што е на плин, само уште да имаше каде да наточи...На излез од Солун има една плинара, по пат натаму не знам дали има негде во близина. Знам дека има една пред Лефкада и натаму мислам дека нема.
И јас гледам за Ипсос многу ми го испофалија. Ама ќе одам од 12 до кај 22 изгледа, девојка ми тогаш има распуст A убаво убајсна gOJDO баш тие места што ги наброја се за посетување и не се далеку од Ипсос. Јас со кола ќе си одам, 4ца во кола мислам дека ќе испадни супер. Сега гледам до таму има 340км од Битола, шо значи дека со Лансерот со еден резервоар можам да го поминам цел пат + таму за шетање локално, значи супер испаѓа. Иначе фери- то е 27.5€ за кола.
Еј, супер е да патуваш од Битола. Имам одено преку Битола, т.е. преку Лерин за натаму. Глеј само да не го утнеш автопатот кој води кон Кожани(по педерски Козани) и Кутлеш (по педерски Вергина). Пред влезот во Лерин ќе треба да свртиш лево и потоа колку што се сеќавам ќе возиш до едни семафори каде ќе свртиш десно, па треба да преминеш преку пруга па потоа се вртеше ама не ми текнува каде. Прашај некој кој оди натаму често или прашај ги локалците во Лерин, македонци се и сите знаат македонски. Јас имам еднаш зацепано по стариот магистрален пат преку кој се губат минимум 2 саати возење и ќе поминеш плус 100 километри. Рачунај само дека по автопат имаш една патарина од 4 или 5 евра и можби уште една од 2.5 евра, ако ја пуштиле во работа(лани во Септември не работеше само делеа информативни флаери), која е на планината кога се спушташ према Кожани.