Автор Тема: Мобилни Оператори  (Прочитано 291693 пати)

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1815 на: 02 Јануари 2024, 18:26:32 pm »
Како да декодирам телефон од сим картичка на телеком да работи и на а1? дали телеком е должен после испочитување на договорот после 2 години да го декодира телефонот или како ?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1816 на: 02 Јануари 2024, 19:06:58 pm »
Како да декодирам телефон од сим картичка на телеком да работи и на а1? дали телеком е должен после испочитување на договорот после 2 години да го декодира телефонот или како ?

Јави се во контакт-центарот на Телеком и побарај да ти дадат код за отклучување. Ќе ти побараат (најверојатно) IMEI број од телефонот. Потоа стави сим картичка од друг провајдер и кога ќе ти побара код за отклучување, внеси го кодот кој ќе ти го дадат од Телеком.

И да, пораката ти е преместена - комплетно го утна под-форумот.

Присутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5193
  • Пиши лаже
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1817 на: 04 Август 2024, 06:35:26 am »
До пред 5,6 месеци брзината на 5Г во Велес беше лоша, ама гледам сега е управен како што личи. :)



Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1818 на: 04 Август 2024, 11:08:26 am »
До пред 5,6 месеци брзината на 5Г во Велес беше лоша, ама гледам сега е управен како што личи. :)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Sent from my iPhone using Tapatalk
На кој оператор си Боше? Инаку, јас сеуште не ја гледам потребата од 5Г, 4Г е повеќе од доволно брз

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Присутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5193
  • Пиши лаже
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1819 на: 04 Август 2024, 11:18:21 am »
На А1 сум. Искрено, не гледам ни јас потреба од него, бидејќи на LTE вадам добри брзини (150-300Mbit) и ми есосема доволно.
Само имам во претплатава па затоа. :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1820 на: 02 Септември 2024, 18:49:40 pm »
За дете барам нешто припејд, дали некој земал беој од Лајка, како што гледам цените се нормални, нормално ми треба за низ мкд, буквално за ало ало, не планирам смартфон да земам, обичен некој

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5903
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1821 на: 02 Септември 2024, 18:51:02 pm »
Јас користам од 2019та Lycamobile, активирај му онлајн  Lyca Super 200 за цела година за 1600 денари. Околу 133 денари месечно се ништо пари. Онлајн нарачај си картички, бесплатни се.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1822 на: 02 Септември 2024, 19:58:00 pm »
Super, fala na info.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1823 на: 02 Септември 2024, 22:01:00 pm »
Денес имав ситуација при промена на телефон за смена на есим картичка. Од вчера околу 14ч почнав да ги барам Телеком, цел ден не ги добив. Денес кај 12ч конечно ги добив, ми го искчучија бројот од стариот телефон и дури по 2 часа добив меил со нов КјуАр код за активација. Ако имате потреба за смена на есим, директно во салон или близу вифи конекција, инаку...

Се на се, лошо искуство. Не знам дали е ова само со Телеком или со сите есим, но дефинитивно од сегашен аспект ми е криво што го сменив класичниот сим...

Sent from my SM-S928B using Tapatalk


Присутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5193
  • Пиши лаже
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1824 на: 02 Септември 2024, 22:18:27 pm »
Јас пред 2 години, можда и више, отидов во А1 и веднаш ми дадоа есим и беше активен веднаш при скенирање.
Мада првично нешто се врзуваа, немало за ајфони, само за Самсунг па не знам што уште не се губеа, за да морав да пишам мејл до сапорт па да ми кажат да си ја земам од салон.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1825 на: 03 Септември 2024, 16:50:13 pm »
eSIM колку е добро - толку е и лошо.
Заглавен си ако ти се скрши телефонот/екранот, па треба бројот да си го префрлиш на друг телефон. Со физичка СИМ, ова е прашање на секунди.

Јас eSIM би користел само за странски оператори (пример - Космоте бројов што го имам, да го сменам за eSIM) или за секундарни лични броеви.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1826 на: 03 Септември 2024, 22:36:28 pm »
Јас пред 2 години, можда и више, отидов во А1 и веднаш ми дадоа есим и беше активен веднаш при скенирање.
Мада првично нешто се врзуваа, немало за ајфони, само за Самсунг па не знам што уште не се губеа, за да морав да пишам мејл до сапорт па да ми кажат да си ја земам од салон.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Ако си во салон нема никаков проблем и верувам дека е инстнатно, лошо е што е неопходна интернет конекција и имаш проблем како случајот подоле.
eSIM колку е добро - толку е и лошо.
Заглавен си ако ти се скрши телефонот/екранот, па треба бројот да си го префрлиш на друг телефон. Со физичка СИМ, ова е прашање на секунди.

Јас eSIM би користел само за странски оператори (пример - Космоте бројов што го имам, да го сменам за eSIM) или за секундарни лични броеви.

Sent from my SM-S928B using Tapatalk


Присутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5193
  • Пиши лаже
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1827 на: 11 Септември 2024, 23:06:03 pm »
Јас не размислувам на таа варијанта, бидејќи секогаш може да ти се случи нешто лошо нели. :)

Секако го имам кодот на iCloud/мејл ако затреба можам во секој момент да го скенирам.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1828 на: 12 Септември 2024, 19:18:50 pm »
Дечки имам една молба. Дали има некој на форумов што работи во А1, или некој негов близок?? Ми треба услуга да провери само во кој салон го има плејстејшан 5 на лагер? Вчерс бев до ист гејт као го немале на лагер а на страната стои дека го имаат. Ги замолив да се јават и да прашаат по другите салони ама ме одјебаа као имаме многу работа... А позади мене немаше никој и така. Ако сака некој да помогне да израдуваме две дечиња би ви бил многу благодарен.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 587
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1829 на: 12 Септември 2024, 20:17:58 pm »
Дечки имам една молба. Дали има некој на форумов што работи во А1, или некој негов близок?? Ми треба услуга да провери само во кој салон го има плејстејшан 5 на лагер? Вчерс бев до ист гејт као го немале на лагер а на страната стои дека го имаат. Ги замолив да се јават и да прашаат по другите салони ама ме одјебаа као имаме многу работа... А позади мене немаше никој и така. Ако сака некој да помогне да израдуваме две дечиња би ви бил многу благодарен.

Не сум сигурен ама мислам дека само по порачка ги нарачуваат во салоните.
Нарачај го 2 до 3 дена ќе ти биде во салон.
Ги работев 3 години и секогаш кога носев конзола одма лепеа стикче со име и презиме за кого е.