Автор Тема: Мобилни Оператори  (Прочитано 291747 пати)

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1785 на: 03 Јули 2023, 07:35:46 am »
A1 мислам уште ги "крадат" нивните корисници. Пример во роаминг при користење аГПС, кое работи со пингање на базните станици, А1 ќе ви го број тој сообраќај и ќе ви наплати солидна сума за тоа.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1786 на: 04 Јули 2023, 07:07:49 am »
FYI, A1 нуди услуга за менување на интернетот од сеф за еден куп услуги вклучувајќи и интернет во роаминг.
New blood of old school

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1787 на: 04 Јули 2023, 10:19:00 am »
Јас сега менав пакет, ме интересира тие 100гб во сефот ако ги потрошам, дали на 20ти ќе ми се вратат сите назад? Оти ако е така може да е интересно пример, на 19ти да трејдам 80гб за Hbo max,  на него пиши дека е валидно 30 дена од активација, на 20ти ми се ресетира интернетот и имам пак 100гб за користење, и можам да активирам пример уште пакет 50гб за 10гб интернет ви Грција и уствари цел месец имам на користење и Hbo i интернет надвор...
Сеа ова во теорија вака убаво звучи, дали ќе биди во пракса исто ќе видиме на 19ти :D

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1788 на: 04 Јули 2023, 14:30:19 pm »
И во пракса бива 😉
New blood of old school

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1789 на: 05 Јули 2023, 07:49:22 am »
@Prof. Greenthumb Дали во роаминг мора посебно да се активира опцијата за користење на нет од сефот или „по дифолт“ само ќе си се регулира тоа со самото користење/уклучување на нет?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1790 на: 05 Јули 2023, 11:18:27 am »
Имаш повеќе пакети да бираш, од сефот ти одземаат колку ке размениш потоа си следиш колку трошиш од роаминг пакетот во апликацијата

Го уклучуваш/исклучуваш нормално ко и во МК не преку аплилацијата
« Последно менување: 06 Јули 2023, 22:09:56 pm Prof. Greenthumb »
New blood of old school

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1791 на: 14 Септември 2023, 20:07:56 pm »
Внимавајте за А1 мора да сте на определен оператор во странство инаку отиде сметката. Најдобро кога ќе сте на роаминг да го одберете тој оператор рачно.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1792 на: 15 Септември 2023, 23:00:45 pm »
Без да навредам никого, јас на А1 не сакам ни да се јавам, а камоли да имам било што со нив. На секој можен начин гледаат да те украдат.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1793 на: 21 Септември 2023, 09:00:15 am »
Баш напротив, кога бев кај моите, претплатници бевме на Т добри 15 години. Ситуации со шит интернет колку сакаш, до последно не сакаа да заменат модем каде користевме 2 ТВ и нет на бакарен кабел. Брзина, време турско. ХД ТВ, само желба. Секако плаќавме ко да имаме.
Сега каде што сум, сме на А1. За таа сума што ја плаќам, имавме субвенции од 19к, башка бирам 2 пакети бесплатно, меѓу кои и ХБО. Истото во Т, ќе ме чинеше плус 600-700 ден.
Единствена маана е што каналите се листаат со лаг, пример кликаш следен програм и за 2 сек добиваш слика. Ова преку оптика ако си. Мобилните пакети се со се нограничено и со размена на 50гб од сефот имам во роаминг 10гб бесплатно. Мисловна именка ако бев на Т.
За корисник ко мене, каде немам време за гледање мн тв, ми е и повеќе од доволно.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1794 на: 21 Септември 2023, 09:08:36 am »
Оптиката 50/50 како се држи? Имаат моментално примамлива понуда за она што мене ми треба - оптика, ТВ и еден телефонски број со 6 гига интернет за 1500 денари.

Во моментов плаќам 1997 денари за оптика и МаксТВ (имав попусти некои и плаќав 1600, па завршил договорот и ги укинаа и ме изнервираа малце), и плус телефонски број со 1 гига интернет за 499 денари.

Мислам дека е ноу брејнер понудата на А1 ама пошто ми треба интернетот за работа, добродојдено е искуство од постоечки корисник дали е доволно стабилен.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1795 на: 21 Септември 2023, 09:19:49 am »
Баш така, 50/50. Кај нас е проблемот што оптиката е на Т, додека не пуштат своја и лимитите се баш ставени на 50/50. Кога ќе пуштат свој кабел, по кажување на дечките, може и подобро. Ако до сега си бил на Т, може ќе ти остане истата опрема само ќе се смени ресиверот.
Главниот недостаток ти го пишав, лагирањето.
Ако нешто те интересира друго, пукај :)
Околу стабилноста, не сум некој про корисник, од ситуациите кога сум требал да симнам филм од торрент, немало осцилации некои, вака преку моб, ок ми било. Сум работел од дома исто преку впн, немало нешто забележливо од мене. Секако, повели, дојди тестирај пред да решиш ако сакаш,
Јас сакав таа да ја терам кај моите ама со возрасни луѓе, тешко оди промени :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1796 на: 21 Септември 2023, 10:13:52 am »
Тоа е тоа што ме интересираше, не дека мојата работа има потреба од ултрабрза конекција, најтешко оптоварување е видеоповик.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1836
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1797 на: 21 Септември 2023, 10:17:44 am »
Јас ја користам на а1 отпиката, кај мене е во нова зграда опремата поставена секој оепратор свој кабел имаше сега до зграда како е точно не знам, али сем да сецне кога ке прави еднаш рестарт или у година ден пар пати паднал сум немал проблем видео повици на wi-fi прикачен и се тоа, сум осетил само кога во исти момент и друг збори пример на messenger видео повик и врти уште еден телефон со било што тогаш сум осетил дека за степен паѓа квалитетот на повикот кај мене... Да е кабел не би требало да има такво нешто, генерално за цената платено добиено ја сум задоволен.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1798 на: 21 Септември 2023, 11:55:01 am »
Јас сфатив дека пакетот што го гледам е со гигабит брзина и нагоре и надоле, а од муабетот на Семоќниот и други луѓе е истата инфраструктура на Телеком, така да дефинитивно транзитирам.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1799 на: 21 Септември 2023, 12:04:37 pm »
Гигабит брзина за колку пари?