Поделени чувства за А1... Првин ги пцуев, ама се испостави дека за џабе, односно не била нивна кривицата.
Земав еСИМ, направив све што треба да направам, мудаааа, нејќе... Прима повици, не може да ѕвониш, интернет не работи.
Ај пробај пак, па пак одново, па ајде у салон, па и таму немаат појма што како, отворија тикет на сапорт.
Испадна дека веројатно некоја конфигурација си иба векот со постоечката еСИМ што ја имав на телефонот, па си правеа конфликт една со друга. Го рестартирав телефонот, проработе како што треба.
Од друга страна, реагираа прилично брзо во обид да го отстранат проблемот. Во понеделникот попладне го пријавив, понеделник вечер проработе после рестарт, наредниот ден ми се јавија да прашаат дали е сѐ во ред. Најс.
Вчера слетав во Дортмунд, пак чудото нејќеше да се врзе на мрежа. Германскиот СИМ си проработе инстантно, другово нејќеше. Ај си викам, пак да рестартирам... Овој пат, ништо. Ми текна дека у пакетите деактивирав „Роаминг Сообраќај“, мислејќи дека е за интернет во странство. Арно ама, се испостави дека е за све, не само за интернет. Телефонот едноставно не се врзуваше на партнерска мрежа во роаминг. Пробав со тие автоматизираните чуда да го решам, не можеше. Пробав да се логирам, меѓутим и тоа не можеше, пошо не можеше да ми се достави СМС за верификација. Пратив мејл, во рок од отприлика 2 саата сѐ на сѐ, изреагираа, го отстранија проблемот и картицата си профункционира.
Од мене имаат пофалба за услуга и техничка поддршка.