Автор Тема: Мобилни Оператори  (Прочитано 291744 пати)

Присутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2785
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1800 на: 21 Септември 2023, 12:30:57 pm »
Јас сфатив дека пакетот што го гледам е со гигабит брзина и нагоре и надоле, а од муабетот на Семоќниот и други луѓе е истата инфраструктура на Телеком, така да дефинитивно транзитирам.

Понудата важи само за на нивна оптика. А дури и да си на оптика на телеком, исто е ама не е исто. А1 = Лајонес, најпреварантска фирма.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1801 на: 21 Септември 2023, 12:42:05 pm »
Јас сфатив дека пакетот што го гледам е со гигабит брзина и нагоре и надоле, а од муабетот на Семоќниот и други луѓе е истата инфраструктура на Телеком, така да дефинитивно транзитирам.

Не верувам дека Т би дозволиле толкаво оптеретување на своја мрежа, јас би бил поскромен во очекувањата да не се разочараш.
Секако ако си спремен за компромис тоа е тоа.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1802 на: 21 Септември 2023, 12:57:10 pm »
A1 прават кампања за гиг линии, а имаат оптика на 1% од територијата :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1803 на: 21 Септември 2023, 13:37:04 pm »
Да, денес во салон ми го објаснија тоа, на моја адреса немале оптика и одело преку оптичкиот кабел на Телеком :)

Како и да е, доплатив 100 денара месечно и за 1600 би требало да имам 100/100, телефонски број со 6 гига интернет за член на семејство, и телевизија со три пакети (искрено не ми мења што има). Мојот телефонски број е на фирма, ако дадам отказ можам да го вметнам во Комбо.

И најбитно - по истек на договор нема да ја удрат ромската и да ми кренат цена, ќе си остане се исто.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1804 на: 21 Септември 2023, 14:36:11 pm »
Да не навлагам у детали какво срање имаат направено А1 со 24 месеци договор на 26(може беа и 23 не се сеќавам) телефонски линии. Тоа е багра багросана, гратис  да ми дадат не би прифатил ништо од нив.

Автопазарски преваранти. Багра.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1504
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1805 на: 25 Октомври 2023, 10:14:09 am »
Клабери , уште еден проблем со А1 . Првиот MyKi уште не е решен , сега и друг. Знаци дека треба ,,Х,, да му се стави.

Овој пат ми стигна 2500 ден за наплата на Златен интернет . И тоа на исклучен интернет (опција на телефон) и воопшто не изваден од џеб.

Во апликацијата пишува дека е користен интернет .
Жалба /барање има некој поднесено до АЕК за ваков случај ?

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2060
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1806 на: 25 Октомври 2023, 10:28:24 am »
Клабери , уште еден проблем со А1 . Првиот MyKi уште не е решен , сега и друг. Знаци дека треба ,,Х,, да му се стави.

Овој пат ми стигна 2500 ден за наплата на Златен интернет . И тоа на исклучен интернет (опција на телефон) и воопшто не изваден од џеб.

Во апликацијата пишува дека е користен интернет .
Жалба /барање има некој поднесено до АЕК за ваков случај ?

Слично и кај мене само со друга услуга терав до АЕК до крај и вака испадна плус нервози и живци никој нема да ти надомести они идат на тоа дека си потрошил интернет ,веке е користена услуга и ти ја наплаќаат и крај на приказната  ,АЕК донесе одлука во нивна корист понатаму те праќат на суд односно да поднесеш со адвокат и процедура продолжува со суд Аек се оградува и вели дека нивната одлука е донесена на основа на сите документи доставени од оператор и корисникот постои можност рефундирање на нешто ситно 200-300 денари и толку се толку е испеглано и повржано помеѓу аек и оператори скоро сите да е невозможно да добиеш спор преку посредување или медијација со Аек мој совет ти е адвокат веднаш да ти спреми мораш да поминеш преку аек ке ти достават писмо и за жал ке биде во интерес на оператор ке те повикат на средба тебе и некој од а1 за жал они нема да дојдат и само ке се нервираш на твојата одлука од аек ке отидеш и ке се расправаш и они ке те убедуваат до 101 и назад мој совет адвокат никој скоро нема добиено спор преку аек ставени се само да си зимат пари и да работат во интерес на оператори ,кога поставив прашање дали некој има добиено спор и колку е % на таквите замолчеа само адвокат и суд толку ако сакаш да истераш правдина и нормално заштита на своите права/

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1807 на: 25 Октомври 2023, 15:31:46 pm »
Една запирка. Само една запирка во цел пост. Ни точка ни кај почнува реченица ни кај завршува. Ја ништо не разбрав.
Tuku @koce1102 да видиш дали некој лог од телефонот може да извадиш, ако е андроид, еве некое инфо:
https://www.airdroid.com/mdm/view-android-logs/

What Valuable Information Can Be Extracted from Android Logs?
Stack Traces: Stack traces helps pinpoint the exact location and cause of application crashes or exceptions.
App Flow: Logs allow developers to track the flow of their application and identify potential logical errors or unexpected behaviors.
Network Activity: Logs can show network-related information, helping diagnose connectivity issues or data transmission problems.
System Events: System logs provide insights into various device events, such as battery status, screen rotation, and hardware changes.

Може ќе ти помогне во ситуацијава.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1504
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1808 на: 25 Октомври 2023, 21:16:09 pm »
Една запирка. Само една запирка во цел пост. Ни точка ни кај почнува реченица ни кај завршува. Ја ништо не разбрав.
Tuku @koce1102 да видиш дали некој лог од телефонот може да извадиш, ако е андроид, еве некое инфо:
https://www.airdroid.com/mdm/view-android-logs/

What Valuable Information Can Be Extracted from Android Logs?
Stack Traces: Stack traces helps pinpoint the exact location and cause of application crashes or exceptions.
App Flow: Logs allow developers to track the flow of their application and identify potential logical errors or unexpected behaviors.
Network Activity: Logs can show network-related information, helping diagnose connectivity issues or data transmission problems.
System Events: System logs provide insights into various device events, such as battery status, screen rotation, and hardware changes.

Може ќе ти помогне во ситуацијава.
Помислив да прашам дали постои некоја апп. , но мислев дека треба да ја имам симнато предходно.
Ќе го пробам утре и ќе пишам дали ќе можам да искористам нешто.

Фала !


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1504
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1809 на: 02 Ноември 2023, 14:04:25 pm »
Поднесив приговор , изгледа успешен ќе биде :)

чекам фра..


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7275
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1810 на: 03 Ноември 2023, 20:17:05 pm »
Клабери , уште еден проблем со А1 . Првиот MyKi уште не е решен , сега и друг. Знаци дека треба ,,Х,, да му се стави.

Овој пат ми стигна 2500 ден за наплата на Златен интернет . И тоа на исклучен интернет (опција на телефон) и воопшто не изваден од џеб.

Во апликацијата пишува дека е користен интернет .
Жалба /барање има некој поднесено до АЕК за ваков случај ?


Kaj мене стоеше ова некое време во други трошоци на апликацијата, ама кога дојде време за се плати сметката, ова магично го снема за наплата. Со роаминг сум ептен претпазлив, рачно ми е наместо да активирам првин бирање на мрежен оператор, па потоа пак рачно вклучувам data roaming, така да, 100% бев сигурен дека не сум заебал ствар, и дека ми ставаат трошоци што не се направени. А и да останеше, ке се бунев, немој да ме онодиш. 2 мб сообраќај, 630 денари.

Друг проблем со А1 е што на братучед му нудеа оптика од 1гб, и отишол во салонот во Куманово, и му подвалиле 100/100 пакет, без да му кажат дека нема да го добие пакетот што го побарал. Со оглед на тоа дека ретко кој чита 6-7 страни договор, in good faith, го потпишал договорот. Кога му се појавиле на врата, му соопштиле дека прво немаат техничка можност да му стават интернет со 1гб, второ, дека имал потпишано 100/100. Ке иде на медијација во АЕК мислам наредната недела. Како и да е, ова може многу лесно да се реши со мала проактивност, ама овие во салонот, или не знаат како клиенти, или немаат одврзани раце.


Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1811 на: 03 Ноември 2023, 23:09:51 pm »
Ако е преку оптичкиот кабел на Телеком, максимална брзина е 100/100 ако си на претплата во А1.

А за А1, секогаш да одите само во А1 салони, никако во Хенди салоните бидејки во Хенди врска немаат за линиите што и како.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1812 на: 04 Ноември 2023, 16:02:22 pm »
Една запирка. Само една запирка во цел пост. Ни точка ни кај почнува реченица ни кај завршува. Ја ништо не разбрав.
Tuku @koce1102 да видиш дали некој лог од телефонот може да извадиш, ако е андроид, еве некое инфо:
https://www.airdroid.com/mdm/view-android-logs/

What Valuable Information Can Be Extracted from Android Logs?
Stack Traces: Stack traces helps pinpoint the exact location and cause of application crashes or exceptions.
App Flow: Logs allow developers to track the flow of their application and identify potential logical errors or unexpected behaviors.
Network Activity: Logs can show network-related information, helping diagnose connectivity issues or data transmission problems.
System Events: System logs provide insights into various device events, such as battery status, screen rotation, and hardware changes.

Може ќе ти помогне во ситуацијава.
И таа е погрешно напишана.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1504
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1813 на: 11 Ноември 2023, 17:37:40 pm »
Поднесив приговор , изгледа успешен ќе биде :)

чекам фра..


Sent from my iPhone using Tapatalk
Го одобрија приговорот.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1814 на: 23 Ноември 2023, 04:07:50 am »
Еве (барем) една добра причина зошто А1 се подобри од ЕВН.

Кога ќе усерат, агентот барем вика "извини".

На ЕВН и кога ќе им свикаш затоа што три пати усрале, никој не вика извини.
Евентуално, поправаат грешка, ама многу тешко тоа извинито, да ми извините вака...
Добра плата.
Прав скопјАнец.