И мое искуство да споделам, кратко ваљда ќе биде:
Слкучив договор со Телеком со некои попусти вакви онакви, си реков ај ќе бидам на Телеком малце како што се соте буџовани, да видам што е.
Си терав така две години, супер ми беше, си решив да продолжам така на неопределено бидејќи немаше подобри понуди, кога Телекомци си имале друга идеја - по истек на договор кратат секакви попусти, кратат канали на ТВ, кратат све

Кратите вие, ќе кратам и ја - си отидов во А1, "здраво, оптика, ТВ и два броја сакам". Еве, повели, ваков попуст таков попуст.
"По истек на договор ќе го скратите попустот?"
Не кратиме.
"Кај да потпишам?"
Телеком си ја зеде опремата за оптика, по 2 дена дојде истиот човек, донесе ист рутер само видно поминат низ две молерисувања во некој дом, го уштека и продолживме на истиот кабел на Телеком, само за кумулативно 900 денари пониска сметка месечно.