Пежото уште од старт беше земено со многу фалинки. Цената си го кажа своето уште на почеток. Втората турбина што беше ставена беше половна. Многу битно да се напомене.
И Астрата сега ја зема малце под цена. Испадна скриена километража, нефункционални команди на волан и уште неколку работи. Среќа некои од нив се средија. Исто и тука им беше кажано дека едната дизна "сецка"... Наводно дека долго време стоела незапалена, ќе се средело со адитивче.
За километражата си знаеа, наводно е со околу 250 000, а на табла пишува 140 000. За дизната потоа дознаа во Митревски. Имаше проблем со централното заклучување, една врата од позади матеше вода, на секое заклучување, таа можеше да се отвори. Човекот што им ја продаде, за беспари тоа им го среди.
За пежото, прашање е колку и мајсторот го биваше, го носеше кај еден во драчево кој го убедуваше дека се му е топ, одлично на колата, по 1-2 месеци отиде и втората половна турбина откако претходно му прегреа на Стража. Притоа долг период на секое утринско палење му тераше плаво-бел чад први неколку минути.
Иначе не го зема он испод цена, 3200 ми се чини беше платено тоа пежо. Чичкоми има исто такво караван, со 2.0 110 кс мотор, 2500 му е земено.
И неговото си покажа дефекти, отиде цел комплет ламела, замаец, ама чичкоми тера по 25-30 000 км годишно, за речиси 2 години откако го има, преку 50 000 помина.
На Астрата ко шо знам уште не се оправени командите на волан. А и 110 000км плус, не се мала работа. Тоа е 10 години возење на просечен македонец.
Пежото го зема 3200, кога јас цитроенот го земав 3000 (кога тука идеа најмалце по 3500) од Бугарија (значи не ги рачунам парите кои ги лапаат нашите препродавачи). Цела класа поголема и појака кола за само 200 евра плус? Тоа е нормално? Збориме 2014та година... Башка и тоа си имаше километража над 180 000км.
Од друга страна, тогаш тие коли идеа над 3500 како од шала... И пак викам, првата турбина рикна шо рикна... Втората беше половна, без да и се знае историја.
Плаво - бел чад, е прв симптом за лоши дизни.
Како шо знам мењаа и пола инсталација, ракета и што уште не.
Ламела, замаец и цел тој сет е потрошен материјал. На кола со 100-200 000км, е повеќе од реално да се очекува дека брзо ќе дојде ред за промена.
Јас го имам цитроенот веќе 2 и пол години со скоро 180 000км. Исто така моето искуство кажува дека колата си е супер, како за возење така и за одржување.