Пежото уште од старт беше земено со многу фалинки. Цената си го кажа своето уште на почеток. Втората турбина што беше ставена беше половна. Многу битно да се напомене.
И Астрата сега ја зема малце под цена. Испадна скриена километража, нефункционални команди на волан и уште неколку работи. Среќа некои од нив се средија. Исто и тука им беше кажано дека едната дизна "сецка"... Наводно дека долго време стоела незапалена, ќе се средело со адитивче.
За километражата си знаеа, наводно е со околу 250 000, а на табла пишува 140 000. За дизната потоа дознаа во Митревски. Имаше проблем со централното заклучување, една врата од позади матеше вода, на секое заклучување, таа можеше да се отвори. Човекот што им ја продаде, за беспари тоа им го среди.
За пежото, прашање е колку и мајсторот го биваше, го носеше кај еден во драчево кој го убедуваше дека се му е топ, одлично на колата, по 1-2 месеци отиде и втората половна турбина откако претходно му прегреа на Стража. Притоа долг период на секое утринско палење му тераше плаво-бел чад први неколку минути.
Иначе не го зема он испод цена, 3200 ми се чини беше платено тоа пежо. Чичкоми има исто такво караван, со 2.0 110 кс мотор, 2500 му е земено.
И неговото си покажа дефекти, отиде цел комплет ламела, замаец, ама чичкоми тера по 25-30 000 км годишно, за речиси 2 години откако го има, преку 50 000 помина.