Во Бугарија шемата е кукла нашминкана. Вратени километражи, хемиско, нови волани и копчиња, нови педали. Ако ја провозиш ќе осетиш по предница или амортизери колку колата е вратена или не е. Многу од нив НЕ даваат да ги провозиш. Гледај ги колку сакаш, може да ја запалиш и толку. Ретко некој да ти даде да пробаш, али како ќе ти се погоди. Мачка во вреќа. Пред да ги качат на камион од Италија, се доплаќа по 20 евра од кола за враќање на километражата, ќе се смени или офарба некое крило или браник, и иде на продажба со 150 000 - 200 000 км џам! Не сум видел замастена кола во Бугарија, сите се како од салон дури и на 200 000км.