Oд сликите на огласот не можам да забележам нешто да не е во ред со Меганот. Прилично е опремен, ама само на лице место се гледаат тие мали детали на овенат/искинат ентериер, испечени, излижани пластики, и тогаш се гледа состојбата. E сега не знам дали треба и кожен ентериер да се добие со воланот или нахнадно е ставан ама...потрошувачката е таа (вград повеќе троши да не се лажиме), а за реалните километри од Крива паланка мене многу сумливо ми е. Во овластениот на Рено број на шасија ќе му дајш и ќе видат тие шо е внесено за неа, до колку километри. Деловите се со просечни цени.
Иста имам јас, и мене доволни ми се 80 коња. Плетвар, Ѓавато, оди 100-ка и повеќе, со 5 души во неа.
А други финтици да ми кажеш на што да внимавам кога го гледам Меганот
Aми што знам, стандардни работи, да пали од прво(без исклучок), да си светнат на палење воздушни, абс итн. па да се изгаснат, да не чади од издувот, освен на палење бел чад мене некогаш ми вади, од влагата (си викам, пошто антифриз не ми троши), електриката отвори затвори на џамовите оти тие модулите се расипвале, итн.
Исто така јас што не забележав е држачот за моторот, кога ќе ја изгасниш да не затресва вкабина. Друго не знам, не сум имал дефект на нешто поголемо па да ти кажам што да пазиш точно. А педалото за гас касни пола секунда, ова јас не го знаев оти на стоедното нема лаг, инстант моќност. х)