
За воља на вистината ни поновите не импресионираат.
Ја радо би да возам Honda, ама чергата не се протега толку далеку.

Три работи ми се битни:
-евтино за одржување
-прифатлива потрошувачка на гориво (под 500ден./100Km, имам плин без документи доколку би го монтирал математиката е под 300ден./100Km; 7lplin x 38ден. = 266ден./100Km што е супер ).
-5 врати за лесен пристап за старци
Ова во предвид, ми застанува изборот на Uno.
Со 1000-рка + би земал многу подобро, не сум во позиција да ја исплаќам на година дена.
Можам да располагам со 1200€ што ми се во џеб, за 100-200€ (недај боже) може да се снајдам (-цигари, сендвич од дома на работа и сл.).
Фала kimi makedonski!
P.S. Ќе ве замолам ако некој ја знае историјата на колава нека пише. Би ми заштедило пат до Штип и малтретирање автомеханичар.