Блиц прашање бидејќи не сум продавал кола добри 10-на години.
Возам Пума 2024 во ТитаниумX oprema, Магнетик црвена 1.0 125ks. Поминати 22к, уште во гаранција, купена од Ми-Да лани во мај. Регистрирана до крај на мај 2026 вклучувајќи и каско и зелен картон. Од дополнителна опрема (плус од Титаниум) има:
- 18ки фелни
- фабрички затемнети стакла позади
- дополнителна звучна изолација на шофершајбна
- делумно кожни седишта
- B&O озвучување со 10 звучници
- безжичен полнач
- дигитална табла напред
- сензори за дожд
Ми влезе во око друго возило од премиум калибар па правам математики.
Прашањето ми е, колку би биле спремни вие да платите за едно вакво возило? Прашувам ориентационо пред да ја огласам (а и да знам колку да ја огласам искрено).
Секогаш постои еден „проблем“, односно сомнеж, иако реално тоа не е проблем – кога се продава релативно ново возило. Се подразбира возило старо една, година ипол или до две години, со поминати околу 20 илјади километри, купено ново и од прв сопственик. На купувачите многу тешко им е да сфатат зошто некој би продавал речиси ново возило. Одма размислуваат: „Сигурно има некоја мана, штом го продава толку брзо“.
А реалноста не е секогаш таква. Едноставно, после една или две години не ти се допаѓа возилото и го продаваш – толку. Нема никаква драма.
Истиот проблем го имаше и брат ми. Ја возеше колата околу две години, имаше помалку од 30 илјади километри, само два сервиси, буквално нова, гаражирана. Не можеше да ја продаде никако иако беше огласена. На крај ја тргна од огласите и ја купи роднина на негов колега. Ден-денес човекот си ја вози колата без никаков проблем. Со „пациенти“ од огласи не можеше да се разбереш – зошто ја продава, сигурно има мана, ова-она… Ужас. Вакви коли најдобро се продаваат кај познаници.
Каското тука не игра никаква улога. Џабе си фрлил пари, пример 400 евра – ниту се пренесува на следен купувач, ниту нешто значи при продажба. Единствено зелениот картон е во ред. Каското реално се залудни пари, многу луѓе така се имат изгорено.А на следен купувач ништо не му менува што има каско колата, не дај боже да е удрена или имала потешки захвати па да подлежи под каско.
Ако возилото си го купил, на пример, за 25 илјади евра – не е секогаш правило, ама реално губи и до 50% веднаш штом ќе излезе од салон. Значи ако е 25 илјади, сметај дека од старт се откажуваш од 5 до 8 илјади евра и дека реално ќе го продадеш за 17–18 илјади, ако имаш среќа. Тоа е реалноста.
Секако, ти посакувам да го продадеш како што мислиш и како што ти одговара, ама во пракса ова е состојбата.