Блиц прашање бидејќи не сум продавал кола добри 10-на години.
Возам Пума 2024 во ТитаниумX oprema, Магнетик црвена 1.0 125ks. Поминати 22к, уште во гаранција, купена од Ми-Да лани во мај. Регистрирана до крај на мај 2026 вклучувајќи и каско и зелен картон. Од дополнителна опрема (плус од Титаниум) има:
- 18ки фелни
- фабрички затемнети стакла позади
- дополнителна звучна изолација на шофершајбна
- делумно кожни седишта
- B&O озвучување со 10 звучници
- безжичен полнач
- дигитална табла напред
- сензори за дожд
Ми влезе во око друго возило од премиум калибар па правам математики.
Прашањето ми е, колку би биле спремни вие да платите за едно вакво возило? Прашувам ориентационо пред да ја огласам (а и да знам колку да ја огласам искрено).