Логично е сето тоа, но ако навистина си морал да ја продадеш од x причини и затоа си прифатил цена под пазарната – разбирливо е. Јас, пак, немам никаква итност да ја продавам 
Мислам дека тука ни е нас недоразбирањето. Ти ја дефинираш пазарната цена како таа во Германија (плус увозни давачки). Ама Германец продава на пазар од 84 милиони Германци + 370 милиони други жители на ЕУ + на земји надвор од ЕУ како ние, Србија, Албанија, Косово. Ние тука продаваме на пазар од 1.8 милиони луѓе вкупно, затоа што никој од ЕУ држава нема причина да купува кола од кај нас кога може да не плаќа увозни давачки и да ја купи од друга ЕУ земја (освен ако не се ееееептен уникатни модели како Escort RS Cosworth-от што беше на BaT или таа црвено-виолетовата RUF што беше во Скопје). Од иста причина цените на половни возила во Британија се 60% од тие во Европа иако на ново цените се тука некаде, и Британци немаат пазар надвор од Британија.
И не би се сложил дека не е кола за ентузијасти. Напротив – интересот за овие модели постојано расте, особено кај помладите возачи. Афтермаркет поддршката е огромна, има безброј тунинг опции и слично.
Реално е седан со фокус на комфор и луксуз, не на возење. Менувачот е прилично тромав за спортско возење, шасијата е прилично мека, а и моторот не е нешто возбудлив. Издржлив прилично, ама не возбудлив

Во споредба со било кое друго возило во таа класа, токму затоа што е растеретен шестцилиндричен атмосферец (читај: поелегантна/полуксузна варијанта на Toyota), воопшто не е скапа кола за возење и одржување.
Просечна потрошувачка му е 10 литри спрема фабрика, што значи во реалност е сигурно повеќе. Плус 6 свеќици, 6 бобини, плус е со директно вбризгување и си има мака со гареж. Плус збира над 6 литри масло. Нема големи кварови ама редовните трошоци како гориво, масло, и потрошни делови си имаат трошок поскап од тоа што просечен не-ентузијаст би сакал да плати.
Немам ништо против твојата кола специфично, баш напротив бев и јас да ја гледам кога беше кај претходниот газда уште - само си правиме муабет дека тоа што ние мислиме дека ни вреди колата и би сакале да го добиеме и реалноста многу често не се поклопуваат. Не дека ти се брза да ја продадеш, ама чим си ја огласил очигледно сакаш да ја продадеш, така да ќе треба некој ептен фанатик за Лексус да ти се погоди за да плати премиум.
