Од мое искуство, освен клима и темпомат на отворено, другото ми е мање више. Мооооожда самозатемнувачкиот ретровизор ми е побитен за дебилите со нелегални лед светла.
А најбитна опрема коа се качувам во кола ми е добро кафе и да ми оди муабетот со сопатниците. Сопатниците на задна клупа ги решавам со таблет/телефон, а на предно совозачко седиште - со континуирано и непрекинато согласување со мислењето на сопатникот за секоја тема.
пресудни не, ама nice to have. Повеќето ја гледаат опремата за да се пофалат пред другарчињата, а не дека некои работи стварно го прават животот полесен, без разлика дали е градска вожња или на отворено.
Живееме во хардкор капитализам, производителите се трудат да ти понудат гаџети и да те убедат дека ти се потребни, како и дека ќе ти го направат животот поубав и полесен, за да се осеќаш дека вреди да доплатиш 2-3-4 илјади евра за следното ниво на опрема.
До пред 10години 17 инчни бандажи беа големи, сега се мали.
Сега ни требаат камери во ретровизори, па кога ќе уклучиш жмигавец да ти ја пренесе сликата од ретровизорот, 4 екрани пред нас и еден помал од 6 инча за на задна клупа. Да има бежичен Карплеј иначе не можеш да стигнеш до Платамона.
Ни треба трозонска клима, ни треба лед осветлување што се менува во барем 150 бои. Обавезно кожни седишта од кожа од младо јагне. Ама јагнето да биде израснато во природна средина без стрес. Од надвор барем 4м квадратни хром да има. 800 евра доплата за металик и 1200 евра за перла.
За системи на безбедност немам коментар. Тоа апсолутно треба да напредува и да го има како стандард и во најевтините возила, и ме радува што е таков трендот.