Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4036646 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26685 на: 06 Август 2023, 20:07:26 pm »
Јас го имав истиот проблем со Алфата 4-5 години

Буквално 6 мајстори ја гледаа.

Притисок држеше, ставаа боја, не знам фреон ваков онаков.

Жаре се сомневаше притисок дека крева па гаси климата

На крај испадна магнетот што го "лепи" компресорот да врто ослабел со текот на годините. Поправка - 2000 денари.

Ќе ги запалев тие шесте мајстори 😄😄

Отсутен SiLv3rLiOn

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26686 на: 07 Август 2023, 00:03:10 am »
Stilo или Alfa 147, JTD или MultiJet за дејли??? Цена на страната на Стилото, дизајнот на страна на Алфата но ништо друго не ми е познато пример за одржување кое би одлучило што да се земе(небитен ми е дизајнот). Ај мотори исти носат и двете но подвозје издржливост достапност?

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26687 на: 07 Август 2023, 07:42:42 am »
Stilo-то ти е подноставно околу одржување на подвозјето. 147 е поквалитетна во однос на ентериер и материјали, и поради тоа подобро се носи со годините. Возните карактеристики се далеку на страна на 147. Ако се решиш во старт квалитетно да го решиш подвозјето на 147-цата (предница и задница). Тогаш ќе поминеш подобро со 147-ца, и како дејли и како возило за подолги патувања и малку подинамично возење. JTD 16v m-jet 140кс е моторот кој го бараш. Ако земеш 150кс, тогаш извади swirl flaps, ако не се до сега иззвадени и елиминирај го EGR системот. Ергономија на возач и простор во кабина е многу слична на двете возила (зборувам за Stilo со 3 врати, се надевам не гледаш ругоба со 5 врати).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26688 на: 07 Август 2023, 09:31:45 am »
Stilo или Alfa 147, JTD или MultiJet за дејли??? Цена на страната на Стилото, дизајнот на страна на Алфата но ништо друго не ми е познато пример за одржување кое би одлучило што да се земе(небитен ми е дизајнот). Ај мотори исти носат и двете но подвозје издржливост достапност?

Ако ти е возењето на подолга релација - да.

Ако ти е кратко, тогаш дизел не. Дизелите не се направени за градска вожња баш. Собираат гареж доста, ќе треба повеќе да се зафркаваш во тој поглед. Јас сум човек што се замара и ја одржавав како што треба. Е сеа добар дел, не се замараат :)))

1.9 JТD е еден од подобрите мотори и немаат смрт, посебно 8V (послабата) варијанта. Симо убаво ти објасна да не се дуплираме.

Отсутен SiLv3rLiOn

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26689 на: 07 Август 2023, 10:48:31 am »
Ако ти е возењето на подолга релација - да.
Ако ти е кратко, тогаш дизел не. Дизелите не се направени за градска вожња баш. Собираат гареж доста, ќе треба повеќе да се зафркаваш во тој поглед. Јас сум човек што се замара и ја одржавав како што треба. Е сеа добар дел, не се замараат :)))

1.9 JТD е еден од подобрите мотори и немаат смрт, посебно 8V (послабата) варијанта. Симо убаво ти објасна да не се дуплираме.
И јас не ги сакам дизелите, но Фиат/Алфа 2000-2007год. нели се лоши бензинците или се има нешто променето? Кој бензинец е нивни добар? Баш поради тоа што се едни од подобрите дизели, затоа и се предмет на расправа/муабет и прашувам кој од овие модели инаку радо би земал некој бензинец во тој ценовен ранг...
« Последно менување: 07 Август 2023, 11:26:31 am SiLv3rLiOn »

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26690 на: 07 Август 2023, 11:08:12 am »
Ете земи си стило 1.2/1.4/1.6 бензинец.
Алфа 147 бензин НЕ.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17452
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26691 на: 07 Август 2023, 11:15:22 am »
Кај 147 треба да имаш предвид дека купуваш кола која во времето кога била нова - се натпреварувала со премиум производителите во поглед на возни карактеристики, технологија, мотори и слично.

Ако се помириш со тоа, сопствеништвото ќе ти оди лесно, бидејќи што и да купиш од конкуренцијата од исто годиште, се е еднакво комплицирано и еднакво скапо.

Е сега, конкретно за бензинците, добри се ако им смениш лагери на радилица (мајстор што го правел тоа знае да ги смени преку картер без вадење и отварање мотор). Тоа е единствена погубна маана на Twin Spark.

Мене лично не ми беше прифатлив тој зафат поради тоа што ако не помине во најдобар ред, оде воз у кукуруз, и треба да барам друг мотор на кој пак ќе му менувам лагери. Во комбинација со предницата која во тоа време кошташе многу пари да се среди прописно - решив да ја скокнам 147/156/GT генерацијата на Alfa.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26692 на: 07 Август 2023, 11:43:03 am »
Тие серии на алфи се комплицирани и ден денес,посебно да и најдеш држачи на мотор (4 има) а да нема вибрации у кабина треба да бидеш ептен хеппи,горни,долни вилушки,гумици на балансштранга и гумици некој на летва ептен лесно се растропуват,сеа дали е паштета квалитет или нешто не е конструирано како шо треба тоа бог ти знае.
Да се најдат ОЕН веројатно пола кола ќе коштат.
Позитивна страна е дека добро возат,има добра седечка позиција,зборам за 147 редизајн и имат подобра изолација од фиат.
Внатре матреалите (кокип,тапацири) ако правам споредба од бравото 2008 и 147 2008 на бравото далеку подобри (за мој вкус).
Фиато ти е статична машина шо е евтина и лесна за одржавање а добро вози.
Се на се јас би одел со фиат 😊.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26693 на: 07 Август 2023, 13:30:14 pm »
Барај си гранде пунто, 1.3 дизел.

Или 1.4турбо за дејли. Трпи плин, а најмалку дупешки ќе имаш.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен SiLv3rLiOn

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26694 на: 07 Август 2023, 22:03:19 pm »
Барај си гранде пунто, 1.3 дизел.

Или 1.4турбо за дејли. Трпи плин, а најмалку дупешки ќе имаш.

ХА, за 5000€ колку шо им бараат се вози Хонда, Мицубиши, Тојота бензинци а не гранде пунто...

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26695 на: 07 Август 2023, 22:42:04 pm »
Епа пиши до колку ти е буџет, намена на возило и големина на возило.
Дизел за дејли, не лизга работата.  :)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17452
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26696 на: 07 Август 2023, 22:57:06 pm »
За 5000 евра се вози Хонда бензинец од времето Бранко кога го држеше "на 15ти септември" говорот.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26697 на: 07 Август 2023, 23:16:29 pm »
Ама сум слупал една тезга извикувајќи го тој слоган...
Моќен слоган.
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен SiLv3rLiOn

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26698 на: 08 Август 2023, 00:18:32 am »
Епа пиши до колку ти е буџет, намена на возило и големина на возило.
Дизел за дејли, не лизга работата.  :)
Па мислев дека не е потребно да пишам кога барам совет за Стило или 147, цените на повеќето им се од 1500-3000 така да буџетот мислев дека и тој е јасен од прилика +-, хечбек се и двете од средна калса така да мислев дека и тоа е јасно (не е мали гратски туку малку поголеми да можеш и на одмор утре да отидеш), намената е пишана возило за секојдневно масирање (на работа-дома-родителска-баби/дедовци-друг вид на гости-курс-тренинг, не знам дали се набројав?)
« Последно менување: 08 Август 2023, 00:28:52 am SiLv3rLiOn »

Отсутен SiLv3rLiOn

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26699 на: 08 Август 2023, 00:21:25 am »
За 5000 евра се вози Хонда бензинец од времето Бранко кога го држеше "на 15ти септември" говорот.
А пунтото која е, 2018та?