https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4738712
Мислење за овој тип на форд мондео, механика/мотор.
@DimitarMK ти мислам дека имаше вакво.
edit: @t0m1cA ова е вашиот форд? Глеам иста регистрација.
Не е нашиот, ама иста шаржа е хаха, нашиот е 730 бројка.
Тој Форд е најудобната кола во која што сум се возел.
Од кај да почнам...
- нежни дизни, од кога е купен до ден денес татко ми му става 2Т на секој резервоар;
- моторот е мазга и тегне како луда колата;
- нема ДПФ со тоа и помалце проблеми;
- моторот е на ланче кое што не сме го смениле и не правело проблем, сега има некаде 175к км Фордот мислам;
- затегачот за ПК каишот го менувавме во комплет со каиш уште кога ја купивме протропа и беше солен, околу 200еур;
- шајбна на радилица 2 пати менувавме, се сјебуваше ради компресорот, не разбира стариот дека треба 2-3мин пред да изгаси кола да изгаси компресор;
- перката напред уште првото лето откажа и таа 200еур изеде;
- не е маслојад моторот, ама скоро 6Л масло збира;
- нормална потрошувачка, отворено дури и ниска, околу 5,5-6л, град пепел 8-9л;
Тоа би било на кратко, не знам што друго, кога би купувал татко ми пак, пак истиот избор би го направил. вика заборавам на сите дупешки кога ќе седнам на долг пат да го извозам.
Ценава на овој Форд мене ми е сумниво ефтина, ама треба да се види во живо.
ЕДИТ: Најбитното го заборавив, греачите на предна шоферка, боооооо, ништо не ми правеше кејф како нив во зима