https://autowelt.mk/vehicles/890145-vw-tiguan-comfortline-20tdi-150hp
Тигуан 110к км за 23к евра. По мене одлична понуда со оглед на тоа што нов иде 40к и више.
Уште да беше аутоматик...
Sent from my SM-S908E using Tapatalk
Добро што е муабетот со аутоматиците, лична преференца, интерна шега, лоши/фалични мануелни или што??? Кога станавме паразити ко Муриканците па автоматици да се приоритет??? Ништо лично @Ordevski ама читам веќе многу пати, не од тебе - воопшто, аутоматик да е, не е аутоматик не го гледај, барај аутоматик, што правите со левата нога у аутоматиците или ја учите да кочи???
Зошто да правиш нешто кога има некоја машина што може да го прави тоа место тебе и плус да е далеку подобро и побрзо направено? Порано може и за миксерите викале така, па сега еве никој нема кујна без миксер.
Чекорот на технологијата е таков да сметам дека во ова време да лупне некој 20/30к во половно возило со мануелен менувач истиот треба да не си ги сака парите заради тоа што одма ги обезвреднува за некој процент со тоа што многу помалце луѓе понатаму би го купиле тоа возило.
Како што имам кажано 200 пати, тоа е мое мислење. Секој си има право на свое мислење и гледање на некој работи, моите и на мнозинството се тие. Со негови пари кој што сака си купува.
И не се Американците паразити, паметни си се, гледај кај е Америка а кај е Македонија (па и Европа). Левата нога си одмара, десната си контролира гаста и кочницата и се е далеку по релаксирано и лабаво.