Кој што сака нека си вози, нема збор. Секој со неговите пари си одлучува како мисли он.
Според мене многу повеќе и паѓа цената на колата процентуално кога е со мануел него ли со аутоматик, особено па кај вакви коли кој веќе не се ни толку ефтини а се обични секојдневни превозни средства. Како минат и ќе минат годиниве сметам дека тоа ќе биде се по изразено и по изразено односно разликата во цената на половни возила ќе се изедначи ако не и надмине разликата во цена која што и била при ново возило.
Сега за сега сеуште има кај нас некој отпор кон аутоматиците (кој станува се помал и помал со текот на времето) со тоа дека јас ќе си менувам брзини и слично, поубаво ми е така и сл. кој што лично сметам дека е неоправдан и дека е изговор само заради тоа што автоматикот е поскап, но сметам дека таа разлика се изедначува при продажбата на возилото.
Секако нема ништо лошо во тоа некој да сака помалце да плати при избор на возило за него, но реални да сме причината е само таа. Тие работи сакам да си менувам и слично се глупости и изговори

Искрено и јас би сакал да си менувам брзини можеби во Мазда МХ5 или некое такво слично возилце за забава и адреналнин. Но при нормални возила за секојдневна употреба сметам дека плусовите на аутото многукратно ги надминуваат тие на мануелот.
Пак ќе кажам ова е мое лично мислење.