Моторот е истиот од 159, аутоматикот е многу веројатно AISIN, и е сосема доверлив, така да со погонот немаш гајле. Подвозјето е многу слично (ако не и исто) со FIAT BRAVO и STILO, што генерално не е лошо, поставено е на подолго меѓуоскино растојание, има просторна кабина и солиден простор во гепек. Комнадите (волан и папучи) се тотално дисконектирани од тоа што се случува помеѓу тркалата и асфалтот, така да возењето е „уживанција“, ако не сакаш спортски карактер на колата. Што се однесува до моторот, проблеми се: масло у дупките за свеќици (треба да се предихтува капакот, а тоа ќе го напраиш кога ќе менуваш ремени, зошто мора да се растури тајмингот (ребрастиот)), некоја дизна знае од време на време да се сјебе (не се сеикарј, имам резерва ќе ти шитнам), и тогаш се дешава драма со моторот, ама генерално не е страшно освен што нема мајстори кај нас., Турбо-мурбо, мотор радилица, вентили клипови, такви работи се одлични, немаш гајле за тоа.
Пошто е ланча, може само да уживаш (лагано) у екстравагантноста и единственоста. Пробај ја, или ќе ја сакаш многу или нема да ја сакаш ич. Со овој мотор и автоматик, очекувај околу 11-12 градска.