Една опсервација за пазар на ефтини половни коли кај нас:
Решив да не пребирам од брендови многу (освен Опел секако), и да се фокусирам на состојба. Сум гледал секакви коли - Цитроени, Фордови, Сеати, Фиати, еве денес гледав и VW (да се чуди човек до кое дереџе дојдов) и без разлика колку и да е стара колата и колку ситни фалинки и да има (а се собираат и коштаат над 300 евра да се средат), ако има клима е автоматски над 1200 евра и цената е најчесто фиксна.
Жално е што самата понуда на возила го тера човекот со ограничен буџет да зема кредити за да купи кола (да купиш нешто со опаѓачка вредност со средства на кои треба да плаќаш камата, автоматски дупла загуба).
Со тоа, би сакал да ги прашам сите што читаат, ако имате вие, или ваш познаник возило со клима во 95% до 100% технички исправна состојба со цена од 1000 до 1300 евра, пишете ми во приватна порака.
Сакам да си купам кола а со тоа и малку поголема слобода на движење од велосипед, без притоа да се главам во кредити.