http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=3596330
Мислења за бродов?
Ако не е скапана каросеријата и не влечел друг брод со неа па да е целата расклатена, се друго се решава едноставно.
По слики изгледа многу ОК, не е падната/искривена назад и сите лајсни и декорации се на место.
Од ентериерот главен проблем и тешко за поправка се тапацирите на вратите и таблата што тука изгледа добро.
Има доста опрема за тоа време за разлика од повеќето што имаат само шибер, електрика на ретровизори и централно.
Прашање е што и колку од тоа работи.
За тој мотор (OM602) доколу е колку-толку одржуван, километрите се само бројка.
На 400.000 менуваш хидроподизачи ако не сакаш да ти тропка по некој вентил и тераш натаму.
Земи број на шасија (VIN) за да се провери дали е оригинално вака опремена и во оваа боја произведена.