200 ми е максимумот, ама никој до сега не успеал да оправда толкава цена.
Значи, тоа што јас го барам од перална е следното:
Внатре:
- Вадење, убаво тресење патосници и забришување со четка. Никако прскање.
- Убаво проаѓање со усисивач внатре + багажник.
- Убаво бришење прашина внатре.
- Никакво користење средства внатре. Ни случајно прскање со некакви квази-парфеми итн. (прошли пут кај Мили ми изнашприцаа внатре нешто, недела дена не можев да го излуфтирам).
- Убаво бришење прозори. До сега ниедна перална не ми ги избришала прозорите како што треба.
Надвор:
- Убаво перење каросерија. Најубаво без никакви четки, сунѓери итн.
- Убаво зачистување бандажи.
- Убаво бришење (по можност со една крпа за бандажите, друга крпа за долна половина на колата - рецимо докај средина на вратите - и трета крпа за горниот дел)
- Убаво бришење стакла.
- Убаво собирање вода (што во Голфот е мање-више невозможно, пошто ретровизорите се како кадички).
Моментот со крпите ептен ме нервира. Со истата крпа прво ги брише бандажите, па после тоа брише каросерија. Молим?
Или, ми се случи, само што го земав Голфот, после 10-тина дена отидов кај Тото на перење (пералната веќе не постои). Тој што се фати да го брише со сунѓер имаше некакви нитни на ракавите од јакната, и ги слушав како удираат по боја кога го пребришуваше кровот. Си ја земав колата целата у пена и си отидов. На другар во некоја перална (мислам во населба лисиче, не ми текнува баш) фраерот што му ја перел колата ЦЕЛАТА ја имаше направено лом со тока од каиш. Мораше некои делови да ги префарба и цела кола да ја полира.
Хорор приказни мал милион. Затоа во ниедна перална не седам да „пијам кафе“ додека ми ја перат колата.