200 денари ми е "нормална" цена, доколку би платил за комплетно перење и чистење (мислам внатре-надвор).
Инаку, редовно плаќам само по 100 денари, затоа што перам кола само од надвор. Внатре, претежно сам ја чистам, и ја одржувам чиста, со помош на ова:

Нон стоп ми е во кола, само за полнење ја носам дома. Плус, малку повеќе труд (буквално, секој ден), многу влажни марамчиња и многу крпи.
За перење, во пералната си носам мој шампон, моја синтетичка (еленска) крпа, мои сунѓери (еден за до лајсните на вратата, и еден за под лајсните) и мое средство за сјај на гуми. На друго место никогаш не сум перел, едно дечкото ми е другарче, а друго стварно му нема рамен во околијата - темелно чисти, страшно.
Еве дел од "реквизитите":




По перење, бар по секое второ или трето, еден до два слоја (во зависност од временски услови и расположение) од ова:

И недела до две, сум мирен.
