@igor
Мислам дека треба да постапиш максимално македонски.
Редоследот е следниов:
1. Отвори го телефонот до најмало штрафче...И ако ништо не разбираш, види по јутуб како печат матични плочи, телефонски плочи и друго, па бапни го у рерна.
После тоа види нешто зачисти со алкохол издувај, остави го да се засуши.
- пробај дали работи.
Ако работи, се знае, си завршил работа. Ние сме многу паметен народ, све сами си поправаме

Aко не работи оди на чекор 2.
2. Состави го претходно растурениот телефон и однеси го на сервис (не во Т-Мобајл)
Кога ке ти се јават веројатно ке ти речат дека е изгорен делот кој го полни телефонот, па ке мора да се замени. Цената ке биде хххх денари. Фино лепо ке им речеш дека не ти одговара цената, па ке си го подигнеш телефонот.
На крајот ти останува опција 3 како една и единствена
3. Носење на телефонот во сервисот на (Т-Мобајл).
И покрај тоа што се тие во сервисот тотални нубови и неписмени сервисери, мораше на крајот да се соочиш со нив...
Им објаснуваш дека едноставно телефонот престанал да полни, кога го пријавуваш дефектот.
После неколку дена (читај 10) и неколку твој јајвувања и досаѓања на телефон, конечно ке ти се јави сексуљав женски глас и ке ти рече да одиш да си го подигнеш телефонот.
Среќен дека ке го земеш телефонот а и ке ја видиш згодната цуца која ти се јави на телефонот, со шкрипка се упатуваш кон сервисот.
Но таму наместо цуцка, те пречекува дебела мрсна тетка од 57 години, спремна за во пензија со "минивал" фризура и диптер +4.
И конечно добиваш одговор дека телефонот не ти подлежи на гаранција бидејќи бил отваран од неовластено лице. Е тука тебе ти се гади и почнуваш да се расправаш дека тоа не е точно, дека никој до сега не го отварал телефонот. Па доаѓа сервисерот и ти вади апарат на кој има слики на кои видливо се гледаат оштетувањата од испуканите осигурачи за држење на пластичните капачиња, загорена плоча од обидот на сервисот да ти го исервисира делот за полнење на батеријата со дувалка за да притоа ти ја пожолтат плочата од дување, оштетени глави на штрафчиња од пробување да се одвртат со несоодветен штрафцигер итн итн...
И тука настанува кулминација, кога ти не прифаќаш што ти кажува сервисот и им се закануваш со ДПИ.

И едноставно заминуваш.
Сваќаш дека не си во право но размислуваш дали да продолжиш со ДПИ и да тераш до крај, да најдеш некој познат што ке ти заврши работа и покрај тоа што не си во право, или да идеш да го земеш телефонот и да го фрлиш во канта.
Но како што знаеме ние сме македончиња и ке пробаме на секој начин да бидеме во право. Ако си пичмајчин ке си ја истераш работата до крај, и некој од тие ВИШИТЕ сили ке ти заврши работа и ке си земеш телефонче

Што ги е*еш. На толку украдени пари баш твојот ли телефон да биде жртва

Ворст кејс сценарио....

Филм а?
Ама така е, реално........
.....................
Во секој нормален свет секој нормален човек освен што ке го исуши телефонот по некој си нормален пат во домашни услови,следно што би направил е носење во овластен сервис доколку телефонот е под гаранција.При примање на телефонот нека си направат записник што работи, што не работи (немораш да кажеш дека ти паднал во шоља), затоа што по интервенцијата во најмала рака ако телефонот оштетен од вода, ситуација која не подлежи нагаранција, мораат да ти го вратат во состојба во која си им го оставил. Пример не ти работело џекчето за полнеље, но на крај телефонот не ти се ни пали. Ти ке си го користиш со полнење на батеријата на екстерен полнач) Во спротивно можеш да се повикаш на ДПИ. Во тој случај тоа на нив нема да им се исплати.
Мислам дека нема да се наљутиш што твојава тема ја употребив да на напишам еден расказ за нас

Мој совет, одбери ја втората опција. Од моето раскажување
