Автор Тема: Андроид Апликации и Телефони  (Прочитано 1152889 пати)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #4380 на: 05 Декември 2014, 23:19:34 pm »
Денес се врати во нормален мод телефонов, се наполни цел за околу 2 саати што е нормално. Го напињав на интернет за да загрее и да засуши малку внатре, сега еве пак го ставив во рерна ~30-40 степени иако работи најнормално (да не го подречам) па ќе следи уште една ноќ во ориз за секој случај, пошто силика гел не можам да најдам низ куќава. Ми спомнаа некои таблетки за сушење влага што биле, многу јаки демек, да не знае некој за кои таблетки станува збор?

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #4381 на: 05 Декември 2014, 23:31:34 pm »
Бачко какви таблетки има, памет да ти штукне, сушат партали праат брат... С'уш'ш? Само 'а ти кажам пра'о скуп спорт ти е тоа, ако ме раз'ираш...

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #4382 на: 05 Декември 2014, 23:43:38 pm »
;D

Лом праат бачко, флешови незнаеш..

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5203
  • Пиши лаже
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #4383 на: 06 Декември 2014, 00:57:16 am »
Ставил ли некој 5.0.1? Подобрувања и сл. има ли? Јас сум на 4.4.4 кастум моментално, не го мењам додека не се среди како што треба Л от. :)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2791
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #4384 на: 06 Декември 2014, 01:02:37 am »
Ставил ли некој 5.0.1? Подобрувања и сл. има ли? Јас сум на 4.4.4 кастум моментално, не го мењам додека не се среди како што треба Л от. :)

Сеуште има само за Нексус 7, 9 и 10.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #4385 на: 07 Декември 2014, 02:03:17 am »
Update:

Телефонов што ми падна во вода се среди со полнењево, си се полни брзо сега (нормално). Но сега кога ќе го ставам уклучен на полнач, знае да титка како да го вадам и ставам полначот што ми кажува дека можно е нешто да не е во ред со конекторот за полнење (во најдобар случај).

Две прашања имам до аудиториумот на CarClub:

-Дали да го однесам во сервис да го отворат и да очистат (не во T-mobile)?
-Дали сам да го отворам и да видам да не има нешто водичка/корозија кај приклучокот и да го очистам?

Инаку индикаторот (надворешен) е сеуште бел, што значи водата не стигнала до него. Внатрешниот не можам да видам додека на го отворам телефонот. На батеријата за чудо нема индикатор.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43931
  • Il Moderatore
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #4386 на: 07 Декември 2014, 09:49:47 am »
земи со медицински алкохол зачисти ги малку контактите и на телефонот и на кабелот за полнење.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #4387 на: 07 Декември 2014, 11:06:28 am »
@igor

Мислам дека треба да постапиш максимално македонски.
Редоследот е следниов:

1. Отвори го телефонот до најмало штрафче...И ако ништо не разбираш, види по јутуб како печат матични плочи, телефонски плочи и друго, па бапни го у рерна.
После тоа види нешто зачисти со алкохол издувај, остави го да се засуши.

- пробај дали работи.
Ако работи, се знае, си завршил работа. Ние сме многу паметен народ, све сами си поправаме :D
Aко не работи оди на чекор 2.

2. Состави го претходно растурениот телефон и однеси го на сервис (не во Т-Мобајл)
Кога ке ти се јават веројатно ке ти речат дека е изгорен делот кој го полни телефонот, па ке мора да се замени. Цената ке биде  хххх денари. Фино лепо ке им речеш дека не ти одговара цената, па ке си го подигнеш телефонот.

На крајот ти останува опција 3 како една и единствена

3. Носење на телефонот во сервисот на (Т-Мобајл).
И покрај тоа што се тие во сервисот тотални нубови и неписмени сервисери, мораше на крајот да се соочиш со нив...
Им објаснуваш дека едноставно телефонот престанал да полни, кога го пријавуваш дефектот.
После неколку дена (читај 10) и неколку твој јајвувања и досаѓања на телефон, конечно ке ти се јави сексуљав женски глас и ке ти рече да одиш да си го подигнеш телефонот.
Среќен дека ке го земеш телефонот а и ке ја видиш згодната цуца која ти се јави на телефонот, со шкрипка се упатуваш кон сервисот.
Но таму наместо цуцка, те пречекува дебела мрсна тетка од 57 години, спремна за во пензија со "минивал" фризура и диптер +4.
И конечно добиваш одговор дека телефонот не ти подлежи на гаранција бидејќи бил отваран од неовластено лице. Е тука тебе ти се гади и почнуваш да се расправаш дека тоа не е точно, дека никој до сега не го отварал телефонот. Па доаѓа сервисерот и ти вади апарат на кој има слики на кои видливо се гледаат оштетувањата од испуканите осигурачи за држење на пластичните капачиња, загорена плоча од обидот на сервисот да ти го исервисира делот за полнење на батеријата со дувалка за да притоа ти ја пожолтат плочата од дување, оштетени глави на штрафчиња од пробување да се одвртат со несоодветен штрафцигер итн итн...
И тука настанува кулминација, кога ти не прифаќаш што ти кажува сервисот и им се закануваш со ДПИ. :)
И едноставно заминуваш.
Сваќаш дека не си во право но размислуваш дали да продолжиш со ДПИ и да тераш до крај, да најдеш некој познат што ке ти заврши работа и покрај тоа што не си во право, или да идеш да го земеш телефонот и да го фрлиш во канта.
Но како што знаеме ние сме македончиња и ке пробаме на секој начин да бидеме во право. Ако си пичмајчин ке си ја истераш работата до крај, и некој од тие ВИШИТЕ сили ке ти заврши работа и ке си земеш телефонче :)
Што ги е*еш. На толку украдени пари баш твојот ли телефон да биде жртва :)

Ворст кејс сценарио.... :D :D :D :D
Филм а?
Ама така е, реално........
.....................

Во секој нормален свет секој нормален човек освен што ке го исуши телефонот по некој си нормален пат во домашни услови,следно што би направил е носење во овластен сервис доколку телефонот е под гаранција.При примање на телефонот нека си направат записник што работи, што не работи (немораш да кажеш дека ти паднал во шоља), затоа што по интервенцијата во најмала рака ако телефонот оштетен од вода, ситуација која не подлежи нагаранција, мораат да ти го вратат во состојба во која си им го оставил. Пример не ти работело џекчето за полнеље, но на крај телефонот не ти се ни пали. Ти ке си го користиш со полнење на батеријата на екстерен полнач) Во спротивно можеш да се повикаш на ДПИ. Во тој случај тоа на нив нема да им се исплати.

Мислам дека нема да се наљутиш што твојава тема ја употребив да на напишам еден расказ за нас :)
Мој совет, одбери ја втората опција. Од моето раскажување :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17604
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #4388 на: 07 Декември 2014, 12:04:25 pm »
Си ме изнасмеал Сале, секоја чест :D :D :D

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #4389 на: 07 Декември 2014, 17:12:06 pm »
Сале, реков носење во неовластен сервис поради тоа што во овластениов може да видат дека е намокрен па да ми ја прекинат гаранцијата. Мада тој индикаторот на задната страна од телефонот не е зацрвенет па сега сакам да го отворам и да го видам индикаторот што е внатре. Ако и тој е во ред, да го однесам во овластен сервис. Инаку не е проблем да е дефектов 2-3 000, проблем е ако е 9000 (како што рече некој во претходните постови). :)

Ама ако викаш уопште да не го отварам бидејќи може да откријат дека е отваран, тогаш ќе го однесам директно во овластен сервис. Гледам на странава на T-mobile пишува дека е Видео Дата (што значи ќе се изначекам), а таа во салон ми рече Мобико, на крај којзнае што ќе искочи.

Ме интересираше само која е најпаметна постапка која треба да ја направам, ама многу шегобијци да ти имало, па не знае човек кој е сериозен а кој се заебава. :)

Исто ме интересира и твое мислење околу ситуацијава (сметам дека имаш искуство во таа област), бидејќи еве сега пак го ставив да се полни и константно дава звук како да го вадиш и ставаш на полнач (инаку се полни), па мислам дека има некој проблем во контактот за полнење. Дали мислиш дека е логично да работи телефонот беспрекорно (пример 5 месеци) и да рикне туку така? Не би требало да рикне во истиот момент кога паднал во вода или непосредно по настанот?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #4390 на: 07 Декември 2014, 17:26:14 pm »
1. Мноогу веројатно дефектот да настанал во моментот кога ти паднал во водата, односно ако се намокрил.
Ако била чиста вода со кофа шансата да се случи тоа што ти се случило е помала ако истиот ти паднал во вц шоља. Пошто во вц шољата има киселина, најчесто од мокрача.
2. Може и да рикне туку така, едноставно нешто се случило и му дошло.
3. Тоа што ти дава звук дека се вади и става на полнач е дека или има лош контакт некој од џековите, дали на телефонот, дали на полначот. Можно е да има лош контакт и на самата плоча, кој најчесто настанува поради виша сила, односно криво ставање на џекот, запнување, долготрајна употреба итн итн, или пак има корозија некаде на самата плоча или некој контакт на некој елемент (причина од водата).

Затоа најдобро ти е да го однесеш во сервис, и да речеш дека едноставно телефонот почна овака да ми прави! Не спомнувај вода, кофа, итн итн...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #4391 на: 07 Декември 2014, 17:31:56 pm »
1. Водата беше чиста (прљава али стоена неколку дена па талогот беше на дното, после падот ја анализирав). ;D
2. И јас мислам дека не мора да е поврзано со падот во вода, едноставно дошао је дан.
3. Тоа се деси после падот. Првите 2 полнења после падот беа многу спори, после некое време во ориз и топла средина (не можам со сигурност да кажам дека е до тоа) си се оправи и сега се полни брзо (нормално).


Како што кажав, индикаторот на надворешната страна (под камерата) е сеуште бел што значи не дошла вода уште до таму па не би требало да има оштетувања на плочата или некои побитни делови од џекот за полнење. Ме чуди што нема индикатор на батеријата, а би требало.

Ќе се јавам во вторник па ќе видам што ќе ми кажат.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #4392 на: 07 Декември 2014, 17:51:56 pm »
На братучед му паднал во вц шоља.. Го пуштил не работел.. Го отворил и го очистил внатре со фен.. Сега си работи све, само тачот не работи..
Чаре некое ? Алкател 995 е телефонот.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17604
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #4393 на: 07 Декември 2014, 18:01:31 pm »
Гледам на странава на T-mobile пишува дека е Видео Дата (што значи ќе се изначекам), а таа во салон ми рече Мобико, на крај којзнае што ќе искочи.

Книжулето од гаранцијата е брендирано со логото на тие што сервисираат.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43931
  • Il Moderatore
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #4394 на: 07 Декември 2014, 19:30:32 pm »
На братучед му паднал во вц шоља.. Го пуштил не работел.. Го отворил и го очистил внатре со фен.. Сега си работи све, само тачот не работи..
Чаре некое ? Алкател 995 е телефонот.

Требало да пушти вода само...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.