Истражувањето на веб-страната FixYa прикажа прилично неочекувани резултати кога станува збор за квалитетот на најпопуларните мобилни телефони во моментов. iPhone е на првото место, но разликата помеѓу него и другите е...
Истражувањето анализираше 722,558 пријавени проблеми на веб страната и ги комбинираше резултатите со податоците за уделот на пазарот на компаниите од страна на StatCounter. Телефоните на Apple добија оценка од 3.47, скоро цели три пати поголема од оценката од 1.21 на Самсунг и 25 пати поголема од оценката на Моторола.
"Паметните телефони се споредувани според моделите, но досега никој не ги споредил трендовите кои се простираат преку цела една линија на телефони од производителот" - вели Yaniv Bensadon, извршниот директор и основач на FixYa - "Нашиот најнов FixYa извештај ги споредува телефоните како iPhone, Galaxy или Lumia и преку внимателна анализа на проблемите кои се пријавуваат, ние директно ги споредивме компаниите за квалитетот на нивните производи."
Apple корисниците, на пример, се жалат за издржливоста на батеријата, недостатокот на нови функционалности, малите можности за персонализација и проблеми со поврзување на Wi-Fi мрежи.
Samsung корисниците имаат целосно различни проблеми, пред се поврзани со микрофонот и звучниците на уредите, проблеми со загревање на телефонот и проблеми со издржливоста на батеријата.
Проблеми со температурата на телефоните се исто така забележани кај Nokia корисниците, кои исто така се жалеле и на лагирање при работа, недоволно апликации и проблеми со издржливоста на батеријата.
Motorola корисниците се најнезадоволни од своите телефони, но и единствените кои не се жалеле премногу за издржливоста на батеријата. Наместо тоа, тие имаат проблеми со камерата на уредите и квалитетот на звукот, како и проблеми со екранот на допир. Корисниците на Motorola телефони биле најнезадоволни со апликациите кои биле фабрички инсталирани на нивните уреди.
Извор:
http://gsm.mk/iphone-ite-se-300-pokvalitetni-otkolku-galaxy-s-serijata