Обично од ICS наваму нема врска дали имаш или не TaskKiller. Апликацијата стои во меморијата (за евентуално ако не ти текне пак да ја повикаш), а кога ќе падне рамот на некое критично ниво, апликацијата се исклучува.
Цицачи на рам се фејсбук апликацијата, скајп и некои виџети за врменски прогнози.
Инаку може да се сетира со задржување на back копчето не само да излезе од апликацијата туку да и направи kill и воопшто да не седи во меморија (ова на custom ROM, одамна не сум користел stock), а поголем battery saver од deep idle нема
(повторно незнам до кај се со stock ромовите).
Во принцип сите тие task killer-и и battery saver-и истотака завземаат ресурси, како рам така и процесорска работа, па ретко кога се полезни
Секоја чест ако сте нашле такви кои помагаат.