Нема сервис ако стреба, итн...
Верувај, сервис за ОП ќе ти треба само ако скршиш дисплеј, а и да треба нешто друго да се чепне, полесно се сервисира од Самсунг, пола хардвер му е Самсунг со сѐ дисплеј.
Сменивме дисплеј на ОП3Т кај нас тука (Струмица), работна рака 1000ден, со леснотија го смени сервисерот. Дисплејот за 3Т на Алијата е 65 зелени, а за ОП6 мислам дека е околу 130, така да прогнозирам за 6Т да е не повеќе од 150 зелени.
Нека каже некој Самсунговец колку кошта сервис на скршен екран за S8 или S9 со работна рака?
Почнав да се дружам со овој бренд од првиот OnePlus One уште од 2014-та. Еден изгубив и дека беше евтин (320еур) порачав уште еден, еве го уште ми седи дома, и доживеа старост од стартен КитКат 4.4.2 да вози Андроид 9, без проблем.
Веќе година и нешто возам ОП3Т и најверојатно ќе го возам додека да излезе ОП7 летоска, да ми се мајне тој глуп notch тренд, не можам да го гледам, на сите телефони генерално.
Bottom line, ако ти прави ќејф OnePlus како бренд, ич не му се мисли, го добиваш најдобриот хардвер на пазарот за пристојна сума.
Лесно се флешува, така да можеш да менуваш РОМови колку ти душа сака, ги има секакви на xda форумот. Исто, можеш да ја штракаш најдобрата Camera App што ја користи Пикселот на Гугл, секоја нова верзија се адаптира за ОП3Т/5/5Т/6/6Т..
Сервис, не дај боже да ти стреба, ама стребува.
Цената за дисплејот за 3Т на Алијата ама баш ич не ме интересира, како што не ме интересира за цена за дисплеј на ниту еден телефон на Алијата. Мене телефонот ми треба и јас не можам да се оставам без телефон 30-40-50 дена, додека чекам дисплејот да стигне, па тек после да си ебавам сојки да најдам мајстор што ќе го смени (и потенцијално што ќе вежба на мојот телефон бидејќи во Македонија се продале преку интернет само 4 такви уреди).
Токму затоа сум купил телефон тука, во Македонија, каде подложи на гаранција, каде можам (ако сакам, нели) да си купам осигурување за уредот, каде си има официјален сервис, итн..
Цените за дисплеј на сите телефони ги наредив за да направиш разлика колку е безболен сервисот на секој нов модел, за разлика од Самсунг. На секој му треба телефонот и доколку скршиш и Самсунг дисплеј ќе чекаш барем недела дена да се нарача и смени истиот. (од Кина)
Секојпат кога нарачувам од Али одам со нивниот Алиекспрес шипинг, така да особено за овој 3Т дисплеј чекав точно 10 дена да стигне.
Како што нагласив погоре, добар сервисер нема да има никаков проблем да смени дисплеј на ОП телефон ако претходно има сервисирано Самсунг бидејќи ОП користи Самсунг дисплеј од горе до доле (Optic Amoled), и нема шо да се ебавам да барам мајстор, ко шо викаш, туку одам кај најдобриот во градот. (ако има таков кај вас)
Терминот официјален сервис ништо не ми значи од 2014-та, и
ако излезе било каков дефек одам кај најдобриот во градот бидејќи не сум обврзан со гаранции (гаранцијата не важи за скршен дисплеј), и пак ќе си поминам поевтино. Осигурување за ОП реално не ми треба оти нели дисплејот не чини пола цена од Самсунг телефон, така да можам да си купам нов.