Нема сервис ако стреба, итн...
Верувај, сервис за ОП ќе ти треба само ако скршиш дисплеј, а и да треба нешто друго да се чепне, полесно се сервисира од Самсунг, пола хардвер му е Самсунг со сѐ дисплеј.
Сменивме дисплеј на ОП3Т кај нас тука (Струмица), работна рака 1000ден, со леснотија го смени сервисерот. Дисплејот за 3Т на Алијата е 65 зелени, а за ОП6 мислам дека е околу 130, така да прогнозирам за 6Т да е не повеќе од 150 зелени.
Нека каже некој Самсунговец колку кошта сервис на скршен екран за S8 или S9 со работна рака?
Почнав да се дружам со овој бренд од првиот OnePlus One уште од 2014-та. Еден изгубив и дека беше евтин (320еур) порачав уште еден, еве го уште ми седи дома, и доживеа старост од стартен КитКат 4.4.2 да вози Андроид 9, без проблем.
Веќе година и нешто возам ОП3Т и најверојатно ќе го возам додека да излезе ОП7 летоска, да ми се мајне тој глуп notch тренд, не можам да го гледам, на сите телефони генерално.
Bottom line, ако ти прави ќејф OnePlus како бренд, ич не му се мисли, го добиваш најдобриот хардвер на пазарот за пристојна сума.
Лесно се флешува, така да можеш да менуваш РОМови колку ти душа сака, ги има секакви на xda форумот. Исто, можеш да ја штракаш најдобрата Camera App што ја користи Пикселот на Гугл, секоја нова верзија се адаптира за ОП3Т/5/5Т/6/6Т..